Прејди на содржината

Викикниги:Без лични напади

Од Wikibooks
Оваа страница документира официјално начело на македонската Викикниги, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Најважното од оваа страница: Коментирај на содржината, не на корисникот.
Начела на Викикниги
Глобални начела
Што не е Викикниги
Игнорирајте ги сите правила
Начела за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи личности
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Целосен список на начела
Список на напатствија

Не прави лични напади на Викикниги е едно од правилата на Викикниги. Личните напади не помагаат да се изгради позиција на Викикниги, туку ја повредуваат заедницата на Викикниги и одмага на корисници да создаваат добри и квалитетни статии. Лични напади на корисници можат да бидат избришани од кој било корисник и повеќе напади добедуваат до блокирање на корисници.

Што се смета за личен напад?

[уреди]

Дебатата е неопходен дел од културата на Викикниги. Различни уредувачи често не се согласуваат со некоја содржина на некоја статија. Уредувачите се често дел од спротивставени заедници што посакуваат нивните ставови да бидат вклучени во самата статија.

Уредувачот треба да биде цивилизиран и да биде окарактеризиран како добар Викикнигинец. Како дел од учтивоста и ефективноста, коментарите не треба да бидат упатени кон одредено лице туку тие треба да бидат упатени кон акцијата или уредувањето, но во никој случај не кон корисникот. Како исклучок на ова е дискусијата помеѓу двајца корисници што не се согласуваат со дадена тема.

За да се избегнат личните напади треба да се искоментира на превземената акција на дотичниот корисник, но не и кон неговиот идентитет.

Лични напади

[уреди]

Нема остра граница помеѓу тоа дали некој коментар е личен напад или не, но сепак постојат некои правила:

  • Расистички, сексуални, хомофобични, религиозни, политички, етнички или други епитети наменети кон одреден кориник се сметаат за личен напад.
  • Користење на нечија афилијација како средство за дискредитирање на нивните ставови.
  • Посочување на кориснички релевантен конфликт на интерес не се смета за личен напад.
  • Поврзување на надворешни напади, навредувања или други материјали за напади на други личности.
  • Обвинувања за лично однесување за кое нема докази
  • Закани, вклучувајќи:
  • Закани за леганли акции
  • Закани за насилство или други закани надвор од Викикниги (закана со смрт)
  • Закани за вандализам.

Забелешки

[уреди]