Прејди на содржината

Баба Ѓурга и проза во стихови. Од современиот македонски дух. (Ќустендил), 1895

Од Wikibooks

Баба Ѓурга и проза во стихови. Од современиот македонски дух.

Ќустендил, Бугарија, 1895 година

Напред

[уреди]


Станете борци, кренете глава!
Станете против враг вековит!
Борбата задача нам ни дава
Да биде урнат азискиот ѕид.

Владици, попови со црни капи
Слобода да ни донесат нема;
Нема со топови турскиот катил
Да нè застрашува во наша земја.

Затоа напред и „Напред“ да гласи,
Борба да јачи низ нашиот крај:
Нека слободата да го краси
Нашиот единствен земен рај.

Да ни е света револуцијата и чиста,
На сите да ни донесе спас;
Славата нејзина да нè заштитува, да блиста!
За воскрес наш да втаса час!

Затоа напред, јуначки напред,
Без малодушности, без трошка страв.
Ропското грдо да се запре
И да се пеплоса, да стане прав!

Та, друго ништо не се ни може!
Зарем на тиранот ќе му се жалиме?
Да го парчосаме турското ноже!
Така слободата ќе ја спечалиме.


Кој ќе ни помогне

[уреди]


Слобода сакаме -
Народот вика така
Кој да го слушне кутриот народ,
Бугарија ли? Тракија?
Дали учената Европа,
Којашто гробот ни го копа?
Или пак сениште од некој храм
Спас ќе ни донесе нам?

Бугарија и Тракија
Од друго вино се опија;
А од просветената Европа
Без „Батак“ не ни тропа
И нигде никому чуда
За спас не му се нудат,
Затоа: кутрете - чинете
И - сами накај правдините!


Кон јунакот

[уреди]


Јунаку храбар! Јунаку смел!
Гората веќе е в пролетни пелени.
Уште ли патот не си го зел
Накај рудините планински, зелени?

Кадешто животот ти поминал,
Кадешто крвта арамиска ти зборнала,
Кадешто си ајдукувал од мал
Со сè дружината верна и зговорна.

Дали ти служна очаен глас
Како надојдува од татковината!,
Уште ли ќе нè гнетат нас
Ропството тиранско и темнината?

Не паѓај в очај, јунаку драг!
Напред со знамето алово, вжарено;
Веј го пред очи на клетиот враг,
Сегде кај мракот азиски царува.

Земи му мерка! Урни го сет!
Нека се затре, нека се дотолче,
Бедејќи не се трпи тој гнет -
Народот треба радост да дочека!


Кон Струма

[уреди]


Ој ти Струма, тивкотечна!
Љубов вечна и срдечна
Прими, потем препрати ја
До браќа ми поробени -
Препрати ја, позлати ја
Со зборови позлатени:
„Со молење престанете!“
Сите простум застанете.
Дојде кова, дојде време
Ние да се совземеме,
Да застанеме на пат
На тој душман што ко ат
Преку леи и тумбази
Слобода ни ја гази.
Дружно да се поткренеме,
Да викнеме: дојде време!
И додека „Ај“ се зборне,
Враг да сотреме од корен!


Кон гората

[уреди]


Горо! Горо осланета!
Шуми горо, душа слади,
Шуми, оти на јунакот
Од многушто му се згади:

По туѓина да се шлае,
Да се скита и теглила
Тој да гледа, немтур да е
В Македонија жална, мила.

И ти кукавиче сиво!
Дај, закукај - стај му намек
На турското племе диво
Дека борба прифаќаме!

Дека сите тргнуваме
Во борба, на „или-или“!
Во смрт или напуштање
Во нивното царство гнило.