Општествено богатство и национални сметки

Од Wikibooks
Општествено богатство и национални сметки


За овој текст:

Овој текст се белешки од предавањата по предметот „Општествено богатство и национални сметки“ на Економскиот факултет во Скопје од раните 2000-тити години.

Тогаш го исчукав на компјутер за да можам полесно да го учам испитот. Сега го пронајдов на стариот компјутер и го објавувам тука. Можеби некому ќе му биде од корист.

Текстот не е комплетен. На повеќе места референцира кон фотокопии кои веќе ги немам, но можеби со време ќе се дополни

Содржина

I Дел: Општествено богатство4

1. Дефинирање и валоризација на општественото богатство4

1.1 Дефинирање на општественото богатство4

1.2 Методи за пресметување (валоризација) на општественото богатство10

1.2.1 Директни методи10

1.2.2 Индиректни методи10

1.2.3. Концепции за валоризација на општественото богатство11

1.3. Осврт кон проценките на општественото богатство12

2. Фактори, структура и динамика на општественото богатство13

2.1 Фактори на општественото богатство13

2.2 Структура на општественото богатство14

2.3 Динамика на општественото богатство 16

3. Разместеност на богатството во светот17

3.1 Создавање на богатството17

3.2 Распределба на богатството19

3.3 Употреба или потрошувачка на богатството20

4. Општественото богатство и економската анализа26

4.1 Местото на општественото богатство во економската анализа26

4.2 Потреба од усовршување на биланси или сметките на општественото богатство27

II Дел: Национални сметки29

1. Поим и предмет на системот на национални сметки (СНС)29

1.1 Поим на СНС29

1.2 Предмет или опфат на изучувањето на СНС31

1.3 Настанување и развој на СНС 34

1.4 Економската активност и нејзиниот кружен тек35

1.5 Извори на податоци за системот на национални сметки37

1.6 Облици на прикажување на националните сметки37

1.7 Рамки (аспекти) на националните сметки37

2. Институционални единици и институционални сектори38

2.1 Институционални единици38

2.2 Институционални сектори и подсектори41

3. Економски трансакции и други текови45

3.1 Поим и главни видови економски трансакции45

4. Основни карактеристики на СНС199352

5. Макроекономски агрегати 57

5.1 Производството и неговите основни агрегати57

5.1.1 Концепции на производството (фотокопија 7)57

5.1.2 Валоризација на производството57

5.1.2 .1 Валоризација на производството во некои стопански дејности61

5.1.2 .2 Валоризација на нелегалното производство и сивата економија63

5.1.3 Основни агрегати на производството и методи за нивно мерење65

5.1.4 Основни агрегати на распределбата68

5.1.5 Основни агрегати на потрошувачката69

6. Главни видови на сметки72

6.1 Сметка на стоки и услуги73

6.2 Сметка на производство74

6.3 Сметки на доходот76

6.4 Сметка на капиталот80= I Дел: Општествено богатство =

1. Дефинирање и валоризација на општественото богатство[уреди]

1.1 Дефинирање на општественото богатство[уреди]

Во историјата на човекот постојат бројни обиди за дефинирање на поимот општествено богатство, како и за објаснување на потеклото на богатството. Првите објаснувања доаѓаат од Хомер преку неговите епови „Илијада“ и „Одисеја“. Во овие епови тој истакнува дека богатството се претставува преку употребни врености како добиток, алатки, злато, сребро итн. Оној кој поседувал поголемо количество од овие се сметал за побогат и обратно. Хомер истакнува дека богатите луѓе добивале прекар „дебели – угоени“. Наспроти нив, „слабите“ биле сиромашни.

Во таа смисла и Маркс во „Капитал“ објаснува дека големината на стомакот на југот важела за синоним за акумулирана сопственост. Поради тоа богатството се мерело според стомакот.

Во „Илијада“ и „Одисеја“ исто така има мисли за потеклото на богатството. Се истакнуваат три извори:

  1. војни
  2. даноци
  3. делумно трговија

Одредени размислувања за богатството има и во феудализмот (средниот век: 5 – 15 век). Феудализмот е поделен на ран и развиен феудализам и размислувањата се различни во двата периода.

Во првиот се проповедала скромност во акумулирањето и трошењето и помагање на блискиот. Предност имало духовното над матријалното богатство. Претставник на ова учење е Августин Блажениот.

Во вториот период, со развојот на стоково-паричните односи и со сѐ поголемото присуство на разни облици на богатство кај одредени слоеви на населението, се променило мислењето за богатството. Црковните норми се усогласиле со реалниот живот.

Во новите размислувања почнало да се разликува умерено и претерано богатство. Но цврст критериум за разликување помеѓу двете не постоел. Во отсуство на таков критериум важело уверувањето дека умерено е она што е вообичаено во дадено време.

Во 18 век, посебно во Франција каде доминирало земјоделството, се граделе размислувања според кои богатството може да се создава само во земјоделството. Претставници на ова учење се физиократите. Тие тврделе дека единствен извор на богатството е земјоделството поради тоа што единствено таму има услови за мултиплицирање на богатството, додека во другите дејности можно е само собирање на постојното богатство.

Една друга група мислители од 16 и 17 век изградила мислење дека како богатство може да се смета поседувањето на благородни метали. Тоа се меркантелистите според кои непосреден извор на богатството е надворешна трговија. Така приливот на благородни метали ќе се остварува преку поскап извоз и поефтин увоз, со што и богатството на земјата ќе се зголемува.

Поголемиот дел од класичарите сметаат дека богатството се создава во сите дејности каде за резултат се има одредено добро или услуга. Кај нив се наоѓа во зародиш пошироката концепција за производството и богатството.

Наспроти ова кај марксистите присутна е потесна концепција за создавање на производството и богатството. Според нив создавач на богатство е само трудот што е вложен во матријално производство, производна услуга како трговија или сообраќај и матријална употребна вредност.

Неокласичарите, маргиналистите и другите приврзаници на неокласичната (неолибералната) школа се враќаат на пошироката концепција. Според нив богатството се создава и во матријалното производство и во услугите.

Покрај овие поопшти размислувања во врска со поимот, содржината и потеклото на богатството, во економската литература има и поконкретни дефиниции.

Меѓу првите е марксистичката дефиниција. Таа е изградена врз марксистичката економска теорија која пак се потпира на столбот на трудовата теорија за вредноста. Според марксистичката дефиниција под поимот општествено богатство се подразбира големината и структурата на матријални добра со кои располага општеството на определен ден.

Од дадената дефиниција се гледа дека општественото богатство претставува состојба на одреден ден кој што во статистиката се нарекува инвентарен (пописен) ден. Со тоа поимот општествено богатство се разликува од агрегатните големини на производството како што се БДП и БНП каде што се имаат предвид резултатите кои што се остваруваат во текот на целата година. Тие се текови. Општественото богатство е состојба. И токму поради тоа што општественото богатство е состојба на даден ден, некои предлагаат тоа да се утврдува како годишен просек, со цел да се елиминираат колебањата во текот на годината.

Следната дефиниција за поимот општествено богатство се потпира на теоријата за маргинална продуктивност. Според таа теорија општественото богатство е резултат на трите фактори на производството: трудот, капиталот и земјата. Покрај нив се споменува и четврт фактор, но за него има различни мислења. Според некои тоа е технологијата, според други – претприемништвото, потоа организацијата (А. Маршал), па знаењто и информациите итн.

Концепцијата изразена врз оваа теорија е позната како поширока концепција на производството и богатството и според неа општественото богатство се состои од широк опсег на добра и услуги.

Општественото богатство исто така се дефинира и од апект на инвестициите. Се истакнува дека богатството настанува како резултат на кумулирани инвестиции во текот на повеќе периоди и генерации. Притоа се истакнува дека иако инвестициите не создаваат директна вредност тие се опредметуваат во разни добра кои служат во матријалното производство и за човечка егзистенција.

Оваа дефиниција е теоретска основа за реконструкција на податоци за општественото богатство од минатите години, како и за предвидувања за некој иден период.

Одредена дефиниција за општественото богатство дал и американскиот економист Рејмонд Голдсмит. При градењето на својата дефиниција тој тргнува од структурата на билансот на општественото богатство. Според него општественото богатство може да се добие ако од вкупната актива се одземат вкупните обврски. Тој истакнува дека општественото богатство може да се пресметува на ниво на институционални единици, на ниво на институционални сектори, но и на ниво на вкупната национална економија.

Слична дефиниција за општественото богатство е дадена и во документот „Систем на национални сметки 1993“ - СНС1993. Во тој документ се истакнува дека општественото богатство на една земја се состои од нефинансиска актива (имот) и нето побарувања од странство.

Во обичниот говор, а и во литературата за поимот богатство се користат и други термини: имот, изобилство, благосостојба (општествена или економска). По својата природа тие термини се различни од богатството и не треба да се користат како синоними.

Благосостојбата кај Пигу е дефинирана на 3 начини: како потесна, поширока и најширока. Првата претставува потрошувачка на духовни и матријални добра и услуги од страна на населението, но само оние добра и услуги кои се бесплатно обезбедени. Во пошироката смисла, благосостојбата подразбира лична потрошувачка на духовни и матријални добра и услуги за кои се плаќа. Најшироката благосостојба вклучува уживања на хумани и етички вредности: социјална еднаквост, лична слобода, полна вработеност, демократија итн.

При дефинирањето на поимот општествено богатство треба да се прави разлика меѓу термините произведено богатство и општествено богатство. Првиот е потесен, и тој го опфаќа она богатство кое е резултат на човечки труд (Маркс) или она на основните фактори на производство (маргиналистите).

Произведеното богатство се состои од три елементи: фиксен капитал, залихи и драгоцености или вредности. За елементите на фиксниот капитал карактеристично е постепеното пренесување на вредноста на проиводите зависно од нивниот век на траење. Денес, во економската литература, главно по СНС1993, најчесто се користи терминиот фиксен капитал (наместо другите кои се користеле порано или се користат во сметководството на претпријатијат: основни фондови, постојани средства, основни средства). Залихите се трошат и целосно ја пренесуваат својата вредност на новите прозиводи. А во драгоцености и вредности се вбројуваат скапоцените метали, камења, накит, уметнички предмети и др.

Покрај произведеното богатство, поимот општествено богатство опфаќа уште три други компоненти: природно богатство (непроизведено, необновливо матријално богатство), нематријално богатство и салдо на странски имот во определена земја.

Природното богатство како компонента на општественото богатство е мошне разновидно. Покрај кај некои негови елементи постојат тешкотии за нивна валоризација. Поради тие две причини природното богатство само делумно се вклучува во општественото богатство, т.е. некои делови од природното богатство се апстрахираат. Таков е случајот со природните услови кои не може да се валоризираат. Во општественото богатство не се вклучуваат и оние природни богатства кои не може да се користат. Земјиштето, исто така, само делумно е вклучено во општественото богатство.

Во нематријалното богатство спаѓаат разни патенти, лизинг, други преносливи договори, потоа „goodwill“, имиџ итн. Салдото на странски имот всушност се сведува на салдо на побарувања и долгови на една земја со странство.

Во СНС1993 богатството е вклучено во редуцирана форма. Тоа се сретнува под поимот економски имот. Во тој дел од богатството се вклучуваат оние делови од општественото богатство над кои институционалните единици имаат сопственички права и оние делови од кои може да произлезат користи за сопствениците.

Така дефиниран економскиот имот има два дела: нефинансиски и финансиски имот. Поконкретна соджина и престава се гледа од следниов преглед. (Следи фотокопија 1, страна 1.)

Нефинансикиот имот од своја страна се дели на произведен (т.е. произведено богатство) и непроизведен имот.

Произведениот имот вклучува:

  • Фиксни средства, и тоа: матријани (машини, опрема, згради) и нематријални (истражувања, софтвер, литература и др.) кои што можат да се користат повеќе од 1 година.
  • Залихи, и тоа: залихи на матријали, производство во тек, готови производи и трговски стоки.
  • Драгоцености, и тоа: скапоцени камења, накити, уметнички предмети.

Непроизведениот нефинансиски имот (или природно богатство) исто така има матријална и нематријална форма. Во првата влегува земјиштето (почви, поврзани површински води, унапредувања кои не можат да се одделат од земјиштето, земјата на која има згради и насади, земја која се користи како рекреациона површина итн.), подземните средства (резерви на минерали лоцирани на површината или под неа кои што може да се користат зависно од технологијата или цените), необработените биолошки ресурси (животни и растенија кои даваат принос и над кои има сопственички права – шуми, риболов и сл. - и кои се користат за економски цели), водените ресурси (води над кои има сопственички права, кои пазарно се валоризираат и кај кои има мерки за економска контрола). Во втората група се наоѓаат патентите, лизингот, goodwill-от и сл.

Финансискиот имот исто така е разнороден и постои потреба за кратко дефинирање на неговите елементи:

  • Монетарното злато како дел од финансискиот имот е под контрола на монетарните власти и тоа се чува како дел од девизните резерви. Тоа значи дека покрај ова во една земја има и други видови на злато дефинирани како стоки, залихи или драгоцености.
  • Специјалните права на влечење како дел од финансискиот имот ги креира ММФ и ги алоцира на неговите членки за дополнување на резервите. Со нив располага централната банка на земјата.
  • Готовина и депозити се парите кои се користат за плаќања: заменливи депозити, чекови, исплата преку ж-сметки и др.
  • Хартии од вредност кои вклучуваат обврзници, банкарски акцепти, меници, комерцијални записи итн. Тие може да бидат краткорочни или долгорочни.
  • Заради својата специфичност, посебно се сметаат акциите и другите облици на акционерски капитал.
  • Во финансискиот имот има и краткорочни и долгорочни заеми.
  • Во финансискиот имот се вклучени и техничките резерви на осигурување кои се јавуваат во различни облици како претплата на премии, резерви за одредени побарувања итн.
  • Во ставката сметки за побарувања и обврски спрѓаат трговски кредити и аванси.
  • На крајот во финансискиот имот спаѓаат и т.н. сметки за потсетување во кои влегуваат трајните потрошни добра во домаќинствата и странските директни инвестиции.

При утврдувањето на големината на економскиот имот и општественото богатство се јавуваат разни проблеми. На пример, постои разлика во мислењата дали работната сила и човечкиот капитал треба да се вклучат во категоријата општествено богатство. Има поборници и за двете мислења. Тие што сметаат дека овие не треба да се вклучат, потенцираат дека тие не се вид на произведено богатство, туку дека тие произведуваат богатство. Другите сметаат дека работната сила и човечкиот капитал треба да се вклучат во општественото богатство. Тоа го објаснуват со фактот што тие фактори добиваат сѐ поголемо значење при производството и создавањето на богатството на една земја. Проблеми има и во поглед на респектирањето на еколошкиот фактор при создавањето на богатството, но за тоа подоцна. Кога се зборува за општественото богатство треба да се истакне дека се користат различни јазични термини: општествено и национално богатство (eng. Social and national wealth).

Од досега кажаното се заклучува дека под поимот општествено богатство се подразбира големината и структурата на матријалните и нематријалните добра со кои располага некоја земја на одреден ден. Најглобално кажано општественото богатство се состои од следниве елементи:

  • произведено богатство,
  • природно богатство.
  • нематријално богатство и
  • салдо на странски имот во една земја.

Големината и структурата на богатството во секоја земја се одраз на степенот на развиеност, но и фактор за натамошен развој. Историски гледано, богатството покажува тенденција на зголемување. Но, присутна е и тенденција на продлабочување на разликите помеѓу богатите и сиромашните земји, како и меѓу богатите и сиромашните слоеви на население во одредена земја.


1.2 Методи за пресметување (валоризација) на општественото богатство[уреди]

Методи за пресметување на општественото богатство се делат на директни и индиректни методи.

1.2.1 Директни методи[уреди]

Од директните методи карактеристичен е методот на инвентаризација (попис) на одредени елементи или на вкупното богатство на одредена земја. Меѓутоа и денес мал е бројот на земјите каде се прави попис на општественото богатство. Така САД е земја во која попис се прави секои десет години, додека други земји воопшто не го применуваат овој метод.

1.2.2 Индиректни методи[уреди]

Поради големината на општественото богатство, тоа се пресметува со помош на индиректни методи. Тоа значи дека општественото богатство се пресметува со помош на некои големини кои се во одредена поврзаност со општественото богатство. Во тој контекст се користат доходот, имотот, наследството и сл. над кои се плаќаат одредени даноци. Оттаму со помош на даноците и постојните каматни стапки се утврдува големината на општественото богатство. Овие методи речиси биле единствените начини да се дојде до големината на општественото богатство на една земја до II светска војна.

Примери: Ако во некоја земја е познат данокот на доход и даночната стапка, тогаш лесно се пресметува даночната основа на која е платен данокот и тој износ го претставува богатството на таа земја.

Данок: 10 000 п.е.Даночна стапка: 5%

Даночна основа: 10 000 / 5 * 100 = 200 000 п.е.

Ако е познат данокот на имот и стапката на тој данок, тогаш има две фази за да се дојде до општественото богатство: прво се пресметува основата, а потоа таа се капитализира во зависност од постојната камата стапка со што се добива вредноста на општественото богатство.

Данок: 500 п.е.Даночна стапка: 5%Каматна стапка: 5%

Даночна основа: 500 / 5 * 100 = 10 000 п.е.

Општествено богатство: 10 000 / 5 * 100 = 200 000 п.е.

Вториот метод се изразува на следниов начин. Со собирање на вредностите на одредените елементи на богатството се добива вкупното приватно богатство. Потоа се пресметува јавното богатство и тоа најчесто со кумулирање на инвестициите од државниот буџет. Со собирање на двете ставки (приватно и јавно) се добива вкупното богатство.

Покрај овие два метода се користи и оној на францускиот статистичар Фовил, кој е познат како метод за пресметување на богатството преку данок на наследство (оставинска маса). Фовил смета дека во текот на одреден дел на години целокупното богатство, а главно имотот, преминува од една во друга генерација. Со помош на данокот што се плаќа на оставинската маса, се пресметува наследеното богатство за една, а потоа и за други години, и преку збирот се доаѓа до приватното богатство.Според расположливите статистички податоци Фовил пресметал дека во Франција еден циклус на наследство во кој се пренесува целиот имот изнесува 36 години. Во Италија пак, циклусот е 32 години. Со помош на овој метод пресметувано е богатството и на Австро-Унгарија, Холандија и др. Иако методот на Фовил е едноставен, кај него се отркиени одредени слабости, па поради тоа подоцна се правени други напори за доаѓање до големината на богатството со помош на индиректни методи.

Придонес за утврдување на големината на општественото богатство дал и американскиот економист Рејмонд Голдсмит. Тој го користи методот на кумулирање на инвестициите во одредени елементи на богатството. При кумулирање на инвестициите тој зема предвид толку години колку што е векот на трање на одреден елемент на општественото богатство. Тоа го објаснува на примерот на камионите во текот на една година кога врши кумулирање на инвестициите за 10 години.

Со помош на споменатиот метод Голдсмит го пресметал богатството на САД за период од околу 150 години (1805 – 1950). Со помош на овој метод се пресметувале богатствата и на Велика Британија и Австралија.

Треба да се истакне дека овој метод може да се примени само кај еден дел од богатството – само кај фиксниот капитал.


1.2.3. Концепции за валоризација на општественото богатство[уреди]

Покрај методите за пресметување на општественото богатство, едно од најважните прашања се цените по кои се врши валоризација. Во поглед на цените има три концепции:

  • Според набавни цени: ова значи дека општественото богатство се изразува или според изворната цена на одредено добро (кога се гради) или според цената по која е набавено. Ака може да се добие претстава за капацитетот на едно добро или за богатството на земјата.
  • Според чинење на замента: ова претпоставува користење на цени од одредена базна година, при што може да се користат или набавни или сегашни цени. Разликата меѓу цените е во амортизацијата (потрошен фиксен капитал во СНС1993).
  • Според пазарни цени: ова подразбира користење на просечни пазарни цени за одредено добро во одреден временски период.

При примена на било која од споменатите концепции се јавуваат бројни проблеми, а посебно кај оние делови од богатството кои немаат пазарна вредност. Проблемот се решава со разни методи за проценка на вредноста на тој дел од богатството.

Која било од трите концепции и да се примени, кај залихите како дел од богатството се добива еднаков износ. Тоа произлегува од краткиот век на траење на залихите. Случајот со фиксниот капитал е поинаков. Таму секоја концепција предизвикува различни износи. Поради тоа кога се користат податоци за фиксниот капитал, треба да се истакне по која цена е изразен.

Најидеално решение сепак е дирекниот метод – попис, но малку земји можат да го практикуваат тој метод, а дури и да го прават, го прават секоја 10-та година. Поради тоа за поголем број од земјите останува како изнудено решение да се користат разни методи за проценка на делови или вкупното богатство. Поради разновидноста на богатството мора да се користат различни цени при валоризацијата на одредените делови на богатството. Тоа прашање се разгледува и во СНС1993, каде се препорачани различни цени за валоризација на одделните делови на општественото богатство. (Следи фотокопија 1, страна 2.)

Проблематика на пореално изразување на општественото богатство и денес останува отворено прашање. Поради тоа и денес е тешко да се одговри на прашањето дали една земја е богата или не. Тоа призлегува и од тоа што општественото богатство може да се разгледува од различни аспекти.

Пример: Некоја земја ги има следниве карактеристики:

Висок БДП, Развиена пазарна економија. Нерамномерна распределба на доходот, големи разлики во потрошувачката, ширење на насилство, затворање на богатите во гета, малку подносливи секојдневни услови за живот, раст на ксенофобија. Дали од ова може да се оцени дека земјата е богата? Од овие наведени карактеристики може да се каже дека само според првите две таа е развиена и богата. Но според другите тешко може да се каже дали земјата е навистина богата или не.

Примерот не наведува на заклучок дека е тешко со еден општ податок да се оцени дали една земја е богата или не. Во таа смисла Оскар Моргенстен вели: „Економијата е мошне комплексна работа за да може да се претстави со една единствена бројка.“ Според него, да се бара економијата да се претстави со една единствена бројка е како да се бара животот на човекот од бебе до старец да се опфати со една бројка која би ги опфатила висината, тежината, интелектуалната способност и др.

1.3. Осврт кон проценките на општественото богатство[уреди]

(Фотокопија 2.)

2. Фактори, структура и динамика на општественото богатство[уреди]

2.1 Фактори на општественото богатство[уреди]

Во економската литература во областа на економскиот развој, поконкретно во областа на општественото богатство не постои единствено гледиште за основните фактори од кои зависи обемот, структурата и динамиката на општественото богатство. Покрај тоа, се прават и разновидни систематизации на одредените фактори на богатството во одредени групи.

Притоа се сретнуваат следниве поделби на факторите, кои патем се и фактори на економскиот развој:

  • економски и неекономски фактори,
  • мерливи и немерливи фактори,
  • ендогени и егзогени фактори,
  • историски и современи фактори итн.

Претсавниците на класичната школа зборуваат за три основни фактори на богатството, кои истовремено се и фактори на производството и на економискиот развој: труд, капитал и земја. Подоцна кон оваа група се додава и четврт фактор кој се именува различно: технологија, претприемништво, организација и сл. Во најново време се придодава и факторот информации.

Според Херик и Кинделбергер постојат седум главни фактори на општественото богатство: земјата и природните ресурси, физички капитал, труд и човечки капитал, вработеност и дистрибуција на доход, технолошки промени, обем (на производството) и организација.

Пол Семјуелсон и Вилијам Нортхаус сметаат дека економискиот развој и општественото богатство се потпираат на 4 тркала (локомотиви), независно од тоа дали некоја земја е богата или сиромашна:

  • човечки производни фактори (понуда на работна сила, образование, дисциплина, мотивација и сл.)
  • природни производни фактори (земјиште, рудни и енергетски богатства, клима и сл.)
  • акумулација на капитал (машини, фабрики, патишта и сл.)
  • технологија (наука, инжинеринг, управување, претприемништво и сл.)

Факторите на богатството немаат еднакво значење во секоја земја и во секое време. Со други зборови, во определена земја/време доминира еден фактор, а во друга/друго друг фактор.

Историски гледано во почетокот на човечката цивилизација најголемо значење имале земјата и трудот, потоа капиталот, а денес за главни се сметаат знаењето и високата технологија, или според други – информациите.

Во еконосмката литература се сретнува мислење дека ако се тргне од главниот фактор ќе се констатира дека во досегашната човечка историја постоеле следниве периоди: номадизам, ханибализам, робовладетелство, феудализам и капитализам кој се дели на класичен и модерен.

И марксистичката економија ја систематизира човечката историја во неколку општествено-економски формации: првобитна заедница, робовладетелство, феудализам, капитализам, комунизам со пониска фаза – социјализам и повисока – развиен комунизам.

Од наведеното може да се констатира дека богатството на една земја заиси од бројни фактори како и од нивната комбинација. Историски гледано со текот на развојот на човештвото сѐ поголемо значење добиваат некои неекономски фактори. Со тоа може да се објасни зошто некои големи земји (Кина, Индија) и денес се неразвиени и покрај тоа што се смета дека во тие земји се формирал првиот центар на човековата цивилизација.


2.2 Структура на општественото богатство[уреди]

Општественото богатство е составено од различни елементи од кои некои се мерливи, а други не се мерливи. Поради тоа постојат тешкотии во идентификувањето на деталната структура на општественото богатство.

Одредена првична глобална претстава за општественото богатство се добива од билансите или сметките кои се подготвуваат за секторот имот. За градење на тие биланси или сметки најчесто се користат податоци од сметководството на на претпријатијата за состојбата на имотот.

Податоците за претпријатијата како институционални единици се групираат во институционални сектори и потоа со собирање на тие податоци се добива еден значителен дел на обемот и структурата на општественото богатство.

Одредена претстава за богатството, односно за неговиот обем и структура може да се добие и од елементите на билансот за секторот имот. Тој биланс ја има следнава структура (Фотокопија 2).

Подетална претстава за структурата на општественото богатство може да се добие од елементите на богатството кои што се препорачани во СНС1993. Тоа се гледа од следниов преглед: структура на општественото богатство според СНС1993 (Фотокопија 2).

Како што се гледа од прегледот општественото богатство се состои од следниве главни делови: обновливо матријално богатство, необновливо матријално богатство, нематријално богатство, салдо на странски имот во земјата.


Структурата на општественото богатство може да се изучува од од различни аспекти: секторски, територијален, сопственичка структура, фиксен и обртен капитал и др.

Кога се оценува структурата од секторски аспект всушност се настојува да се види учеството на одредени сектори во вкупното богатство. Притоа се користи различно ниво на (дез)агрегација. Најглобално структурата се гледа низ 3-те сектори на дејности: примарен, секундарен и терцијален. Потоа структурата се разгледува од аспект на стопанските дејности, стопанските гранки, според групи на призводи итн.

Претсава за структурата на општественото богатство може да се добие преку институционалните сектори. Според СНС1993 општественото богатство гледано од аспект на институционалните сектори ја има следнава глобална структура:

  1. Нефинансиски претпријатија
  • корпорации
  • квази корпорации
  1. Финансиски институции
  2. Држава
  3. Приватни непрофитни организации кои даваат услуги на домаќинствата
  4. Домаќинства и фамилијарни фирми.

Структурата на општественото богатство од територијален аспект пред сѐ зависи од општествено-економското уредување на една земја односно од степенот на (де)централизација на власта. Територијалните единици можат да бидат покраини, региони, општини, градови, села итн. Тоа значи дека тука постојат различни степени на (де)централизација.

Исто така, структурата на општественото богатство може да се разгледува и од аспект на сопственоста на одредени делови на богатството. Од тој аспект најопшто се гледа зависноста од учеството на стопанството, населението и државата во вкупното општественото богатство. Покрај тоа се гледа и учеството на приватното и јавното богатство во вкупното општественото богатство.

Како што рековме, структурата се анализира и од аспект на учеството на фиксен и обртен капитал во општественото богатство. Податоците од развиените земји кажуваат дека фиксниот капитал е 80% од општественото богатство. Но, постојат големи отстапувања кај одредени земји во поглед на учеството на одредени елементи во вкупниот фиксен капитал.

2.3 Динамика на општественото богатство[уреди]

За да може да се разгледува динамиката на општественото богатство во една земја во подолг временски период потрено е да се располага со податоци за општественото богатство изразено во постојни цени, односно цени од една година. Ако не се располага со такви податоци, а се користат тековни цени, тогаш ќе се јават проблеми околу реалната слика за динамиката на општественото богатство. Тоа ќе биде посебно изразено во земји со висока инфлација.

Заради големото значење што го има богатството за општествено-економскиот развој на една земја вонекои развиени земји се прават напори за реконструкција на долгорочни серии на податоци за богатството.

Тоа најчесто се прави со метод на кумулирани инвестиции. Како пример за тоа ги наведовме САД каде со овој метод се обезбедени податоци од 1805 до 1950 година. Во поново време во некои земји се прават и 10 годишни пописи на богатството како што има попис на население.

Динамиката на општественото богатство може да се следи преку стапки на раст на богатството, потоа преку пресметување на индекси, утврдување на трендови за подолги периоди итн. Врз основа на проучување на динамиката и структурните промени на богатството, утврдени се неколку трендови:

  • Долгорочно гледано учеството на земјоделството и шумарството се намалува во вкупното општествено богатство.
  • Се зголемува учеството на индустријата, градежништвото и рударството.
  • Се зголемува учествто на зградите.
  • Се зголемува учеството на елементите од терцијалниот сектори во вкупното општествено богатство.

Податоците за обемот, структурата и динамиката на општествено богатство може да се користат за анализа на состојбите во досегашниот и сегашниот развој, но и да служат како основа од која се тргнува и со помош на разновидни методи се предвидува идната структура и динамика на богатството. Предвидувањата се прават најчесто при подготвување на развојни стратегии на одделни или на групи на земји.

3. Разместеност на богатството во светот[уреди]

Ова прашање е полидимензионално, но за нас од интеерес е само разместеноста на богатството од аспект на неговото создавање, распределба и употреба.


3.1 Создавање на богатството[уреди]

Иако светот претставува една целина, територија на која живеат неговите жители, сепак тој е мошне сегментиран по разни основи: вера, раса, нации, држави, јазици. Тој се дели на свет на богати и сиромашни, сити и гладни итн.

Тоа значи дека создавањето на богатството во светот може да се разгледува од разни аспекти. За тоа да се направи прво треба да се одговори на прашањето како да се измери големината на богатството во светот.

А на ова прашање нема вистински одговор, или нема еден единствен идикатор со чија помош може да се измери создаденото богатство во светот. Во отсуство на таков индикатор постои второ најдобро решение и со помош на други податоци се доаѓа до големината, структура и динамиката на богатството во светот па и во одредена земја. Во таа смисла најмногу се користи БДП, било во апсолутна вредност или пер-капита.

Денес во светот постојат и разни публикации во кои се наведуваат податоци за БДП или БНП. Како најчести извори на податоци од таа сфера се податоци од публикации на Светската банка, ООН, ММФ, ОЕЦД. Тие податоци овозможуваат меѓународни споредби, бидејќи сите се подготвени по иста методологија.

Според класификацијата на Светската банка светот е поделен на земји со: низок, среден и висок доход. Во рамките на втората група има подгрупи: низок-среден и висок-среден доход. Поделбата на земјите во светот според оваа систематизација е направена според БНП пер-капита. Податоците за одредените групи земји покажуваат значителни разлики (следи табела Т-4, фотокопија 3). Споредбата на податоците од првата група каде просечниот БДПпк е $360 со третата каде тој е околу $23 000, покажува дека постојат големи разлики во поглед на големината на БДПпк. Тоа истовремено зборува за разликите во разместеноста на богатството во светот.

Во поново време во публикациите на ООН има податоци и за човековиот развој. И таму има три групи земји: земји со висок, среден и низок човеков развој. Вакви податоци има за 174 земји и тие податоци упатуваат на уште поголеми разлики во разместеноста на богатството во споредба со податоците од БДПпк (следи табела Т-5, фотокопија 3).

Од расположливите податоци за БДПпк се дознава дека најразвиените земји каде се создава наголемо богатство и производството пер-капита се Луксембург и Швајцарија. Таму БДПпк е над $40 000. Наспроти тоа има земји со многу низок БДПпк. Пресметувањата во кои се прави споредба меѓу најбогатата и најсиромашната земја, кажуваат дека разликата е околу 400 пати. Ова доволно упатува на фактот за постоење на големи разлики во распределбата, создавањето и употребата на производството и богатството во светот.

Но разликите се продлабочуваат. Пример: во 1950 година разликата во доходот пер-капита меѓу најбогатата и насиромашната земја била 12:1, додека во 1997 таа е 400:1.

Низ литературата се среќаваат различни податоци со кои се изразува нерамномерната разместеност на богатството од аспект на неговото создавање. Така околу 1/4 од светското население (развиен север) создава и располага со 4/5 од светскиот доход. Во тој контекст има и податоци за учеството на Г7 земјите во светското население и светскиот БНП: 16,5% од населението располага со 88% од светското богатство или 64% од светскиот БНП. Таму пак, со најголем процент на доход и богатство располага САД: 6,5% од население располага со 50% од светското богатство.

Наспроти овие податоци кои се однесуваат на богатите делови од светот има исти и за сиромашните (сиромашниот југ). Во некои од тие земји не само што постои сиромаштија, туку има и глад и неисхранетост. Според некои податоци 40% од населението од ЗВР живее под границата на апсолутната сиромаштија, односно во просек троши $1 дневно. Во таа смисла илустративен е податокот од 1998 година кога тројца најбогати луѓе имале поголемо богатство од 48 најнеразвиени земји земени заедно. Исто се наведува и податокот дека има околу 800 доларски милијардери. Интересни се податоците и за учеството на одделните цивилизации во светското богатство. И тука се користат податоци од доменот на БДП. Претстава за тој аспект на создавањето на богатството се гледа од следната табела (следи табела Т-6, фотокопија 3).

Иако западната цивилизација сеуште доминира во светскиот БДП видлива е тенденцијата на намалување на нејзиното учество од 64% во 1950 на 49% во 1992 година. Слична тенденција е присутна и кај православната цивилизација. Наспроти овие две, исламската, кинеската и јапонската динамично го зголемиле своето учество во светскиот БДП во периодот 1950-1992.

Претстава за создавањето и разместеноста на богатството се добива и до податоците за фиксниот капитал. ОД тој домен, во последно време, најмногу се користат податоци од технологија, високо технолошките сектори. Претстава може да се добие и од податоците за учеството на факторите на производството во стапката на раст на БДП (следи табела Т-7, фотокопија 3). Од табелата се гледа дека во високо развиените земји поголемо е учеството на технологијата во стапката на растот на БДП, додека учеството на трудот и капиталот е помало. Во ЗВР овие податоци се спротивни. Таму стапката на раст на БДП се потпира пред се на труд и на капитал, а во некои земји тоа учество е над 80% од стапката на раст на БДП.


3.2 Распределба на богатството[уреди]

Разместеноста на богатството од аспект на распределбата може да се следи на ниво на светот како целина, но и во одделна земја според одредено ниво на население. Со оглед на тоа што не постојат прецизни податоци за распределбата на богатството, како замена се користат податоци (од обемот) на доходот.

Во економската литература се среќаваат повеќе методи и индикатори за распределбата на доходот и богатството. Меѓу нив најпознати се Кузнецовата крива, Џини коефициентот, HDI, индекс на сиромаштијата и комбиниран идекс на сиромаштијата изграден од Амартија Сен (следи табела Т-8, фотокопија 3).

Со помош на Џини коефициентот се добива поконкретна претстава за степенот на (не)еднаквост во распределбата на доходот. Тој се движи меѓу 0 и 1. Поголем Џини коефициент покажува поголема нееднаквост и обратно. Во табелата 8 има податоци за Џини коефициентот за 10-тина земји и од анализата на податоците може да се извлечат следниве заклучоци: Во зависност од големината на Џини коефициентот земјите се делат во 3 групи. Во едната е Кенија со највисок Џини коефициент – 0,57. Во другата се три земји со коефициент од 1/3 до 1/2. И во третата се другите преостанати со коефициент под 1/3.

Амартија Сен, нобеловец, се залага при оценката на степенот на нееднаквоста на распределбата на богатството да се користат податоци за благосостојбата. Според него, податоците за доходот ја изкажуваат распределбата на богатството во редуциран вид. Поради тоа тој се залага за користење на комбиниран индекс на благосостојбата за кого ќе зборуваме подоцна. Во филозофијата на Сен поврзана со благосостојбата е залагањето за постигнување на поголем степен на рамномерност во распределбата на богатството и намалување на нееднаквостите. Но тој укажува и дека не треба да се претера со намалувањето на нееднаквостите, зошто тоа може да биде неповолно за создавањето на богатството.

За разрешување на спротивноста меѓу економската ефикасност и социлајната праведност Сен се залага за еднакви можности на стартото кај поединците, а потоа да се остави секој поединец сам да си ја максимизира својата благосостојба.


3.3 Употреба или потрошувачка на богатството[уреди]

Овој аспект на општественото богатство се изразува и сигнализира со помош на повеќе индикатори. Најкористени се HDI, HPI, збирен иднекс на благосостојбата и др.

HDI опфаќа три аспекти на економскиот и општествениот развој:

  1. Индикатори од областа на здравјето и долговечноста кои се пресметуваат врз основа на очекување на траење на животот.
  2. Индикатори од областа на образованието каде основни елементи се писменост и просечен број на години на школување.
  3. Индикатори за пристапот до ресурсите; БДП по глава жител мерен со куповна сила на националната валута во долари.

При конструирањето на HDI се трга од претпоставката за полидимензионалност на развојот. Негови димензии се: економската, социјалната, политичката, културната, еколошката, духовната и др.

При толкувањето на HDI се респектира следнава скала:

  • HDI < 0,500 – недоволно развиени земји;
  • 0,500 < HDI < 0,800 – средно развиени земји;
  • HDI > 0,800 развиени земји.

По ова, во 1997 најразвиени биле Канада (HDI=0,932), Норвешка, САД, Јапонија и Белгија. На дното биле Сиера Леное (HDI=0,254), Нигерија, Етиопија и др. Овие податоци доволно зборуваат за разликите во развиеноста во земјите.

Рангирањата според HDI и според БДП кажуваат дека некои земји стојат подобро според едниот, а некои според другиот критериум. Пример: во една публикација спомнати се 174 земји од кои 92 се рангираат повисоко според HDI во споредба со рангирањето според БДПпк. Ова укажува дека станува збор за земји кои го користеле економскиот раст и развој многу повеќе за подобрување на здравствената и образовната структура на населението. Разликите во ранг листите според HDI и БДПпк се гледаат и од податоците до следната табела (следи табела Т-9, фотокопија 3). Примерите на Кувајт, Таџекистан и Канада зборуваат доволно.

Позитивната разлика меѓу двете рангирања покажува дека некоја земја постигнала подобри резултати на планот на човековиот развој наспроти БДПпк. Негативната разлика го покажува спротивното.

Покрај HDI се користат и индикатори за човеков развој според половата структура на населението. Со овие индикатори се настојува да се изрази нееднаквоста меѓу мажите и жените.

Како податок за изразување на разместеноста на општественото богатство според потрошувачката се користат податоци за износот на дневната потрошувачка по глава жител. Се истакнува дека 2,8 милијарди од населението живее со $2 пер-капита. Не се потребни други податоци дасе заклучи дека во земјите каде потрошувачка е $2 дневно живее претежно сиромашно население.

Претстава за потрошувачката на богатството се добива и од податоците за HPI. Така познати се неколку индекси: HPI 1 се однесува на ЗВР, а HPI 2 се однесува на развиените земји. Потоа тука се двата индекси пресметани според полот на населението, главниот збирен индекс на сиромаштијата, индексот на длабочината на сиромаштијата, индексот на оштрината на сиромаштијата и заедничкиот индекс на сиромаштијата (познат како индекс на Амартија Сен).

Со оглед на тоа што сиромаштијата станува сѐ посериозен светски проблем таа е предмет на светски проучувања. Во тие проучувања се настојува да се дефинира поимот сиромаштија, па да се најдат индикатори за нејзино мерење, да се објаснат причините ки предизвикуваат сиромаштија, да се препознаат мерките за намалување на сиромаштијата итн.

Еден од најзначајните автори кои ја изучуваат сиромаштијата или пошироко благосостојбата е англискиот научник со индиско потекло Амартија Сен кој во 1998 ја доби нобеловата награда по економија за остварените резултати во проучувањето на благосостојбата. Меѓу другото Сен е познат по заедничкиот индекс на сиромаштијата. Индексот го има следниов облик: P = [I (1 – I) G] H, каде: P е индексот на сиромаштијата, I е мера на дистрибуција на доход вклучувајќи и дистрибуција кај население под линија на сиромаштија 0 < I < 1, G е Џини коефициентот со кој се мери степенот на доходовната нееднаквост, H е уделот на население под линијата на сиромаштија.

Овој индекс е прифатен во инструментите на економската анализа и посебно во ООН каде што се применува за утврдување на сиромаштијата т.е. Благосостојбата.

Оние кои ја проучуваат сиромаштијата зборуваат за апсолутна и релативна сиромаштија. Апсолутната ја поврзуваат со границата на опстанок на човекот. Релативната се поврзува со степен на развиеност на една земја, и како таква, оваа сиромаштија постои и во развиените и во неразвиените земји.

Според еден автор за сиромашни лица и домаќинства се сметаат оние чии приход не се доволни да се задоволат темелните физички потреби на човекот (храна и живеалиште). Некои кон овие потреби ги додаваат и темелните културни потреби. Лицата кои не можат да ги задоволат споменатите потреби се под прагот на сиромаштијата.

Наједноставен начин за утврдувањето на сиромаштијата е користењето на стапата на сиромаштија. Таа се пресметува со делење на бројот на сиромашните лица (или домаќинства) со бројот на население (или домаќинства) во една земја и резултатот се множи со 100.

Денес за изразување на сиромаштијата најчесто се користат три индекси:

  • Главен збирен индекс – со него се изразува оној процент од населението чии приходи се под утврдената линија на сиромаштија. Тој е познат како стапка на сиромаштија и се пресметува како однос на сиромашни лица и вкупно население.
  • Индекс на длабочина на сиромаштијата – со него се изразува сумата на пари која на сиромашните поединци би им овозможила да ја преминат линијата на сиромаштијата. Тој е разлика помеѓу приходи утврдени со таа линија и нивниот (на сиромашните) реален приход.
  • Индекс на острина на сиромаштијата – се однесува на сиромашните групи на население кои се под линијата, т.е. ја покажува распределбата на сиромашните под линијата.

Според едно толкување како линија на сиромаштијата во светски размери се зема износот од $370 пер-капита. Земјите кои имаат помал износ се сметаат за сиромашни. Во таа смисла е и толкувањето за постоење на екстремна сиромаштија кај која границата е $275 БДПпк. Треба да се истакне дека и првата и втората граница се променливи и се менуваат во зависност од покачувањето на економската развиеност на одредена земја.

По заслуга на програмата за развој на ООН за изразување на сиромаштијата се користат и познатите индекси за сиромаштија HPI 1 и HPI 2. Според оваа програма (UNDP) HPI се потпира на три елементи:

  • должина на живеење (процент на население чиј век на траење на животот е помал од 40 г.);
  • пристап до знаењето, односно процент на писменост на возрасно население;
  • матријални услови за живот кои се однесуваат на здравствените услуги, водата за пиење, смртност на деца поради неисхранетост и др.

Индексот за сиромаштија се пресметува за ЗВР (HPI 1), но и за развиените земји (HPI 2). Овие индекси можат да се пресметаат и според половата структура на населението.

HPI 1 е пресметан за 92 земји и тој покажува различни состојби во земјите. Во 37 земји над 35% од населението е сиромашно. HPI 1 варира од 2.6 во Барбадос до 65,5 во Нигерија. Одредена претстава за сиромаштијата во ЗВР може да се добие и од податоците од табелата 10 (следи табела Т-10, фотокопија 3).

Иако е постигнат одреден успех во поглед на намалувањето на сиромаштијата во светот и денес населението во голем број земји живее во екстремна сиромаштија со 1 долар дневно пер-капита. Во таа група земји живеат 1.2 милијарди луѓе.

HPI 2 е пресметан за 17 индустриски земји во светот во 1999 година. Тој покажува дека и во рамките на високо развиените земји постои сиромаштија. Таа е најмала во Шведска (7%), а најголема во САД (16,5%).


Покрај мерењето на сиромаштијата, предмет на изучување се и причините за нејзиното појавување. Во публикациите во кои се елаборирани причините има најразлични објаснувања. Според едно истражување на сиромаштијата во Африка се констатира дека таа е предизвикана до 3 фактори (3 вида експлоатација):

  1. Експлоатација на жената,
  2. Експлоатација на селата од страна на градовите,
  3. Експлоатација на нацијата од нејзината сопствена елита.

Исто така предмет на изучување се и можностите за намалување на сиромаштијата. Во таа смисла посебна заслуга имаат Светската банка и UNDP. Тие се залагаат за изготвување на стратегија за борба против сиромаштијата, и тоа како во светски размери, така и во одредени земји. Покрај тоа во рамките на ООН подготвена е и меѓународна програма за развој во 21 век.

Проблематиката на сиромаштијата е предмет на следење проучување и во нашата земја. Најчесто таа се проучува со помош на податоците за потрошувачка на домаќинствата. Според еден документ сиромаштијата во нашата земја во 1991 била околу 4%, а најголемиот дел од населението егзистенцијата ја обезбедувало преку плати. Потоа, сиромаштијата во досегашниот транзиционен период бележи тенденција на зголемување. На пример, збирниот главен индекс во 2002 година изнесува 30%. Поконкретна претстава за сиромаштијата во Македонија мерена со трите наведени индекси се гледа во табела 12 (следи табела Т-10, фотокопија 3).

Широките размери на сиромаштијата во Македонија пред сѐ се резултат на високата долгорочна невработеност, како и високиот процент на неписменост кај возрасното население. Според социолошките истражувања во Македонија има неколку сиромашни групи:

  • традиционално сиромашно население,
  • сиромашни лица како жртва на транзицијата (невработени, вработини со ниски и нередовни примања),
  • хронично сиромашни лица (неспособни за работа, дел од пензионерите и др.) кои немаат средства за живот.

Во Македонија е подготвен документ „Национална стратегија за намлување на сиромаштијата во Р. Македонија“. Во него покрај дијагнозата на состојбите се предлагаат и одредени мерки за намалување на сиромаштијата. Притоа се истакнува дека стратегијата на борбата против сиромаштијата пред сѐ треба да се потпира една политика на долгорочен и одржлив економски раст. Таа политика треба да ги има следниве карактеристики: стабилност и ниска инфлација, реален пораст на БДП, пораст на извозот, инвестиции, намалување на невработеност, намалување на внатрешниот долг, задолжување на надворешниот долг на сегашно ниво итн.

Кога се анализира богатството и сиромаштијата не треба да се прескокне и прашањето поврзано со прагот на неразвиеноста, а со тоа и за создавањето на услови за радикално намалување на невработеноста и сиромаштијата. Дека е можно да се прават такви радикални чекори, т.е. да се прескокне прагот на неразвиеноста, па дури и да се стигне во групата на развиените земји, покажуваат новоиндустријализираните земји, а меѓу нив особено азиските тигри.

Постојат различни мислења во поглед на решавачките фактори за излез од сиромашните земји и неразвиеноста. Според некои толкувања прогресот се потпира на:

  1. Домашни напори (мобилизација на штедењето, развој на образованието, пораст на инвестициите),
  2. Избраната стратегија за извоз и изградба на сопствена пазарна економија,
  3. Активна улога на државата во економијата.

За оценка на нивото на богатството во одредена земја се користи и податокот за население според сектори на дејности. Во таа смисла најчесто се користи следнава скала:

  • Ако населението од примарниот сектор учествува со повеќе 50% во вкупното население тогаш станува збор за недоволно развиено општество,
  • Ако повеќе од 50% од населението е во секундарниот сектор, тогаш тоа е развиено општество,
  • Ако повеќе од 50% од населението е во терцијалниот сектор, тогаш тоа е модерно општество,
  • Ако повеќе од 50% од населението е во секторот ИКТ, тогаш тоа е ултра модерно општество ( следи табела Т-14, фотокопија 3).

Посебен проблем во рамките на сиромаштијата е гладот. Оваа проблематика ја проучува Сен на примерот на Бангладеш. Покрај тоа што дава дијагноза, Сен посочува и одредени решенија кои ги предлага до владите во чии држави има глад. Во таа смисла, ја критикува политиката на Индија сметајќи ја за пасивна во поглед на преземањето мерки за ублажување на гладот, а ја фали Кина за порамномерната расределба на храна. Исто така, Сен го поврзува гладот и со отсуството на демократија во некои земји. Во оние земји во кои има демократија има и притисоци врз владите за да има мерки за ублажување на гладот.

И покрај тоа што е направен одреден чекор напред во утврдување на степенот на развиеност на една земја, како и на нивото на задоволување на човековите потреби, сепак сеуште не може да се измери вкупната благосостојба во една земја. Поради тоа и натаму се бара начин за мерење на благосостојбата. Пример нобеловецот Тобин предложи проект за нето-национална благосостојба. Во него се залага, покрај за водење сметка за БДП, да се земат предвид и расходите што се прават за надоместување на штети од економскиот раст. Идеите на Тобин се земени предвид во проучувањата во кои се зборува за индекс на вистинскиот прогрес. Во нив постои залагање на страната на БДП да се земат предвид и активности кои денес се исклучени, како што е неформалната економија. Исто така се предлага до БДП да се одземат некои стапки кои што се поврзани со загадување, невработеност, нееднаквост итн. (заедничко име – изгубена вредност). Се претпоставува дека кога сето тоа ќе се направи ќе се добие понеповолна слика за економијата на одредена земја од онаа сега.

Слично залагање постои и во статистичкиот уред на ООН кој се залага за користење на индикаторот зелен БДП (еко-нето домашен производ). Тоа значи дека се инсистира на респектирање на трошоците врзани со животната средина, а кои се врзуваат со економијата и благосостојбата. На тој план предлог дава и Тинберген. Тој се залага за пресметување на бруто национална среќа. Но и покрај сѐ како најрелевантни индикатори за развојот и богатството на една земја денес се користат БДП и HPI.

4. Општественото богатство и економската анализа[уреди]

4.1 Местото на општественото богатство во економската анализа[уреди]

Од доменот на општественото богатство се користат повеќе индикатори во економската анализа со цел да се дијагностицира одредена состојба или пак да се прогнозира развојот во иднина. Во бројниот репертоар на индикатори од доменот на општественото богатство, прво треба да се спомене општественото богатство пер-капита. Тој индикатор најмногу се користи при споредбени изучувања на богатството на разни земји со различен број на население и различна економска развиеност.

Значајно место во економската анализа зема и техничката опременост на трудот. Таа најчесто се изразува како однос меѓу фиксниот капитал и бројот на вработени лица во стопанството. Техничката опременост на трудот може да се пресметува со помош на набавната цена или во бруто израз или сегашна цена – нето израз. Во првиот случај се изразува капацитетот на фиксниот капитал, а во вториот неговата сегашна состојба и степен на истрошеност.

Во економската анализа се користат и податоци од доменот на структурата на општественото богатство. Тука основна задача е да се согледаат структурните промени и долгорочните трендови. Во рамките на структурата на општественото богатство како посебен дел спаѓаат кредитните односи. Во тој домен познат е финансискиот коефициент. Тој се дефинира како однос меѓу вредноста на сите финансиски побарувања и вредноста на реалните вложувања. Исто така тој го изразува и степенот на финансирање од кредити во споредба со самофинансирањето. Како таков, тој се користи и како еден од индикаторите за степенот на економската развиеност на одредена земја.

При толкувањето на финансиските коефициенти треба да се почитува следново правило: повисоките финансиски коефициенти одразуваат повисок степен на економска развиеност и обратно. Пример: финансискиот коефициент во САД во 1958 е 1,17, а во Идија во 1961 е 0,35.


При анализата на динамиката на општественото богатство се анализираат и стапки на раст, индекси, трендови и сл. Се смета дека индикаторите од доменот на динамиката се постабилни во споредба со индикаторите од доменот на производството. Поради тоа што постои зависност меѓу општественото богатство и производството, постојата неколку индикатори за изразување на таа зависност. Меѓу нив најпознати се разните видови на капитални коефициенти.

Самите капитални коефициенти се потпираат на неокласичната теорија, според која во создавањето на вредноста и богатството учествува капиталот. Во основа капиталниот коефициент е однос меѓу општественото богатство и производството кое се создава врз негова основа. Тој може да се пресметува за вкупното богатство или за некои негови делови. По правило капиталниот коефициент е поголем од 1 и колку е повисок изразува помала ефикасност на користењето на расположливото богатство.

Најчесто се употребува капитален коефициент за фиксниот капитал. Тоа произлегува оттаму што фиксниот капитал зазема најголем дел од општественото богатство и за него постојат најголем број на податоци независно како се добиени (директни или индиректни методи). И тука капиталниот коефициент може да се пресметува за вкупното стопанство или за негови помали или поголеми делови.

Капиталниот коефициент може да се пресметува во бруто или нето израз. Разликата е во тоа што во првиот случај се зема и потрошениот фиксен капитал или како што на микро ниво се нарекува – амортизацијата.

Постои просечен и маргинален капитален коефициент. Просечниот е однос меѓу големината на богатството и големината на оствареното производство. Слабост на овој е тоа што недоволно го изразува степенот на економска развиеност на одредена земја, но тој се употребува за анализа на структурата на општественото богатство. Маргиналниот капитален коефициент претставува однос меѓу прирастот на богатството и прирастот на производство во одреден временски период. Тој може да биде истовремен и неистовремен (синхронизиран – несинхронизиран). Во првиот случај богатството и производството се замаат од еден ист период. Во вториот случај богатството е од одреден период, а производството од некој подоцнежен период. Разликата во двата периоди зависи од период на активизација на инвестициите. Ако период на активизација е 2 години, тогаш податоците за производството доцнат 2 години во однос на оние на богатството.

Во економската анализа, исто така, се пресметува коефициент на ефикасност на богатството. Тој е реципрочен на капиталниот коефициент. Тој ја покажува вредноста на производство остварена по единица расположливо богатство.

(Коефициентите најчесто се именуваат по именителот.)


4.2 Потреба од усовршување на биланси или сметките на општественото богатство[уреди]

Постојниот систем на биланси или сметки од доменот на општественото богатство е недоизграден и постои потреба за негово усовршување. Меѓу другото, усовршувањето се врши со опфаќање на делови од општественото богатство кои во сегашниот систем на пресметување на се вклучени. Како такви најчесто се спомнуваат човечкиот капитал, животната средина, делови од природното богатство и др.

Потребата за вклучување на човечкиот капитал во општественото богатство произлегува оттаму што тој станува позначаен фактор на големината на богатството и производството на една земја. Исто така тој е значаен и од аспект на утврдувањето на приоритетите во сферата на образованието.

Денес само еден дел од природното богатство се вклучува во општественото богатство. Тоа е главно поради постоење на бројни тешкотии за валоризација на одредени делови на природното богатство. Поради тоа останува како задача на економската анука, посебно на статистиката да бара начини повеќе делови од природното богатство да се вклучат во пресметките на вкупното општественото богатство.

Со документот СНС1993 се поставува задача усовршувањето на системот на националните сметки да се одвива во насока на негово поголемо ширење во доменот на животната средина и екологијата. Таа задача произлегува оттаму што загадувањето на животната средина поприма се поголеми димензии и станува светски проблем.

За намалувањето на загаденоста (отстранувањето на штетните последици) се издвојуваат значителни суми од од БДП на земјите. Тоа треба да се има предвид при пресметувањето на општественото богатство на една земја. Денес еколошката проблематика повеќе се анализира низ познатата матрица на општествени сметки (МОС).

II Дел: Национални сметки[уреди]

1. Поим и предмет на системот на национални сметки (СНС)[уреди]

1.1 Поим на СНС[уреди]

Денес поимот СНС постои во двојна смисла. Од една страна тој е израз на една посебна научна дисциплина во рамките на економската наука. Од друга страна кога се зборува за СНС се мисли на начини, методи, правила и форми за регистрирање и следење на економските активности во една земја.

За да го дефинираме поимот СНС потребно е прво дефинирање на поимот национална економија. Од аспект на СНС националната економија претставува заедница на резидентни (домашни) единици на една економска територија. Оттука за да може да се дефинира поимот национална економија, а потоа и поимот СНС, треба прво да се дефинира поимот економска територија.

Според СНС1993 поимот економска територија ги опфаќа следниве елементи:

  1. Географска територија со која управува една држава и на која има слободно двиќење на луѓе, добра и капитал. Во поморските земји тука се вклучуваат и островите на кои важи истата монетарна и фискална власт како и на главната земја на која ѝ припаѓаат.
  2. Воздушниот простор, територијалните води и континенталниот појас во меѓународните води над кои една земја има исклучиви права за риболов или експлоатација, вадење нафта и други минерали од морето.
  3. Територијални енклави во странство – тоа се подрачја што се лоцирани во други земји, а ги користи одредена земја за дипломатски, научни, воени и други цели.
  4. Сите слободни зони, консигнациони складишта или фабрики со кои управуваат вон-територијални претпријатија и кои се наоѓаат под царинска контрола и сл. Според тоа во економската територија на една земја не спаѓаат енклави на странски земји или меѓународни организации кои физички се лоцирани во таа земја.

Поимот национална економија има три аспекти: територијален, правен и економски. Територијалниот аспект се сведува на економската територија на една земја. Правниот аспект – за национална економија се смета секоја единица која носи националност на земјата за која се прават национални сметки. Конечно поголеми проблеми има со утврдување на економскиот аспект на една национална економија. Тука може да се случи некоја единица да нема правна националност и да не биде пристутна на домашната територија, а сепак да има третман на резидентна единица. Пример: турист од земјата А во странство каде престојува до 1 година е резидентна единица на земјата А. Реципрочно на тоа странски туристи и сезонски странски работници во земјата А не се нејзини резидентни единици. Тоа важи и за амбасадите.

Кај националните сметки се применува критериумот на „резидентност“ и согласно со него се конструираат неколку главни сметки. Наспроти тоа заедницата на нерезидентни единици, а тоа се оние со кои соработуваат резидентните, се сместуваат во посебна сметка – сметка странство (сметка остаток на светот).

Во економската литература од областа на националните сметки се сретнуваат повеќе дефиниции на поимот СНС (или како што понекогаш се нарекува национално сметководство). Според една од дефинициите националните сметки претставуваат гранка на економската наука специјализирана за квантитативни истражувања на интегрираните економски мрежи. Во оваа дефиниција не двајца француски економисти СНС се дефинира како наука или дисциплина од областа на економијата. Како таква таа има свој предмет на проучување и користи методи по кои се разликува од другите економски науки.

Според една друга дефиниција националните сметки претставуваат презентација, според одредени сметководствени рамким на релативно заеднички шифрирани информации за економската активност на една национална економија. Со други зборови националните сметки ги опишуваат феномените на производство, распределба, прераспределба и акумулација на богатството. Во оваа дефиниција националните сметки се дефинирани како техника на регистрирање/опишување на економските активности на една земја. Како такви тие даваат ренген снимка за состојбата на една национална економија.

Најпознатата дефиниција на поимот СНС е онаа од СНС1993. Таму СНС се дефинира како целосно конзистентно и интегрирано множество на прифатени поими, дефиниции, класификации и правила на изработување на сметките. Тие овозможуваат систематско споредување и детална слика на економската активност на една земја. Ова дефиниција може да се расчлени на следниве елементи:

  1. СНС е целосно конзистентен и интегриран систем од макроекономски сметки, биланси на состојба, табели, матрици и сл.
  2. СНС се заснова на одредени принципи како меѓународно прифатени поими, дефиниции, конвенции, класификации и правила за изработка на националните сметки.
  3. СНС обезбедува информации за економските активности во одредена земја, група земји, региони и сл. Некои сметаат дека овој елемент од дефиницијата е најзначаен, бидејќи ја изразува суштината на СНС.
  4. СНС претставува повеќе секторски модел бидејќи овозможува истовремено да се следи активноста во повеќе сектори, да се изучуваат меѓусебните односи во повеќе сектори, но и да се изучува целата национална економија.

Во СНС1993 се истакнати 20-тина области во кои што може да се применува овој систем и да се добиваат одредени сознанија кои потоа ќе помогнат при креирање на економската политика, како и предвидување на економската активност во иднина.

Најголема заслуга за развојот на СНС1993 има статистичкиот уред на ООН. Имено заедно со некои други меѓународни организации како ММФ, СБ, ОЕЦД и ЕУ тој го прифати документот СНС1993 и го препорача на членките на ООН за подготовка на националните сметки во одделните земји. Според тоа СНС1993 претставува одреден стандард, меѓународен модел, кој што служи како ориентир при изготвувањето на националните сметки на одредени земји. Но тој не е готов рецепт кој механички треба да се примени во секоја земја.

Смислата на СНС1993, а и практичната употреба во некои земји покажува дека има широк простор за слобода во креирањето на националните сметки во земјите. Во таа смисла посебно треба да се истакнат можностите кои ги таваат сателитските – придружните сметки, како и системот на МОС – матрица на општествени сметки.


1.2 Предмет или опфат на изучувањето на СНС[уреди]

Предмет на изучувањето на дисциплината СНС е економскиот процес и неговите функции: производство, распределба и употреба на добра во една земја. Терминот економски процес во дисциплината СНС се среќава и како економска активност.

Централно место во дисциплината СНС има мерењето на економската активност, потоа институционалните единици и сектори како нејзини носители, потоа контролата на постигнатите резултати, како и согледување на можностите за економски развој во иднина.

Одредените економски активности во СНС се следат преку трансакции (операции). Според тоа и економските трансакции, кои што во основа претставуваат текови меѓу одредени институционални единици, претставуваат дел од предметот на проучување на дисциплината СНС.

Главни економски функции кои се остваруваат преку економски трансакции се производството, трошењето, штедењето, инвестициите, акумулацијата и др. Во најголем дел економските трансакции се извршуваат на пазарот. Но има и такви кои настануваат надвор од пазарот. Предмет на изучување на СНС се и двете.

Информациите за економската активност и трансакциите се регистрираат на два начина: како текови и како состојба. Самите називи покажуваат дека тековите се одвиваат во одреден временски период (година, квартал) и тие треба да се регистрираат како такви. Наспроти нив, информациите за состојбите даваат претстава за економските активности во одреден временски пресек. Најчесто тоа се прави на почетокот или на крајот на годината.

Помеѓу тековите и состојбите постои меѓузависност. Така, од една страна состојбите се резултат на тековите, а од друга страна тие претставуваат почеток за остварување на некои текови во некој иден период.

Значаен дел од дисциплината СНС се институционалните единици и сектори. Најглобално институционалните единиц може да се поделат на физички (индивидуи, домаќинства) и правни (претпријатија, институции, НВО) лица. Според една друга поделба институционалните единици се делат на резидентни и нерезидентни. Првите се нарекуваат и домашни и тие го заземаат најголемиот дел од предметот на изучување на дисциплината СНС. Најчесто институционалните единици се групираат во институционални сектори. Во СНС1993 како основни сектори се сметаат: нефинансискиот сектор (претпријатијата), финансискиот сектор, државата и непрофитните организации кои даваат услуги на домаќинствата.

Како нерезидентни се сметаат единиците кои се надвор од економската територија на една земја. Тие се од интерес за СНС на една земја, бидејќи постојат економски меѓузависности меѓу нив и резидентните економски единици.

Покрај економските трансакции во дисциплината СНС опфатени се и некои текови кои немаат карактер на трансакции. Тие се под заедничко име – други текови: последици од војна, откривање на природни богатства и др. Во дисциплината СНС се изучуваат и различните облици преку кои се искажуваат економските трансакции. Меѓу нив доминираат: т-сметки, табели, дијаграми, матрици итн.

СНС е мошне комплексен поради тоа што се гради врз основа на голем број на сметки за гранки, дејности, сектори итн. Тие сметки може да се групираат во различни групи според одредени критериуми.

СНС1993 се потпира на три основни групи на сметки:

  1. тековни (производство и доход).
  2. сметки на акумулација (капитална сметка, финансиска сметка и сметка со чија помош се изразуваат други промени во активата),
  3. биланси (сметки на состојбата).

Со усовршувањето на СНС1993 воведена е уште една сметка: сметка на стоки и услуги – нулта сметка. Нејзините креатори истакнуваат дека таа е мост меѓу множеството други сметки и инпут/аутпут табелите. Во СНС се приготвува и еден посебен вид на сметки – сателитските (придружните) сметки. Тие се сметки за одредени прашања, најчесто образование, здравство, животна средина и др.

Составен дел на предметот на изучување на дисциплината СНС се и познатите инпут/аутпут табели на Леонтиев, а во поново време и матрицата на општествени сметки. Исто така во СНС се изучува и можноста од предвидување на економскиот раст и развој во иднина како и креирањето на економската политика.

Одредена претстава за предметот на изучување на дисциплината СНС може да се добие и од неопходните постапки при подготовката на националните сметки на една земја. Во тие постапки се настојува да се почитуваат препораките на СНС1993 како и специфичностите на земјата за која се подготвуваат националните сметки. Најчесто како главни постапки, фази и задачи при подготвувањето на националните сметки на една земја се истакнуваат следниве:

  1. Одредување на поимот економски процес или економска активност,
  2. Дефинирање на носителите на економските процеси, најчесто институционалните единици и сектори,
  3. Дефинирање на економските трансакции според главните фази на нивното извршување, а тоа се производство, распределба и употреба. Во тој контекст се извршуваат и разни групирања на економските трансакции, па за најопшта нивна класификација се смета онаа која ги групира во три основни групи:
  • трансакции на добра и услуги
  • трансакции на распределба
  • финансиски трансакции

Покрај тие три постои и четврта група во која се вклучуваат другите претходно неопфатени трансакции.

  1. Утврдувањето на главните сметки е исто така една од главните фази во подготовката на националните сметки. Овој проблем го решава документот СНС1993 каде како главни сметки се истакнуваат следниве:
  • сметка на стоки и услуги,
  • сметка на производство,
  • сметки од домен на доход со кои се изразува создавање, распределба, прераспределба и употреба на доходот,
  • сметка на капиталот
  • сметка странство
  1. Исто така се изготвуваат и неколку биланси на состојбата: почетен и завршен биланс и биланс на промени. Во тој контекст се формираат и познатите интегрирани економски сметки, инпут/аутпут табелите, МОС и др.

Друг начин за да се добие претстава за предметот на изучување на дисциплината СНС е д се одговори на следниве прашања:

  • Што изучуваат СНС? - Трансакции.
  • Кој е основен носител на трансакциите? - Институционалните единици и сектори.
  • Каде се случуваат трансакциите? Во воспоставени единици, установи и индустрии.
  • Како се случуваат трансакциите? - Со производствен процес и финансирање.
  • Зошто се случуваат трансакциите? - За корисниците има финална и меѓуфазна употреба. За производителите има профит и колективни добра и услуги.

За дисциплината СНС карактеристични се две тенденции. Едната се состои во напорите за попрецизно дефинирање на предметот на изучување, а втората во напорите за ширење на националните сметки во нови домени и тоа во сферата на образованието, социјалната сфера, животната средина, општественото богатство, користењето на слободното време итн.


1.3 Настанување и развој на СНС[уреди]

(Следи фотокопија 4.)

1.4 Економската активност и нејзиниот кружен тек[уреди]

Како што веќе рековме главен предмет на изучување во дисциплината СНС е економската активност (економските процеси). Во економската литература, а посебно од доменот на националните сметки се среќаваат повеќе дефиниции за поимот економска активност. На пример, англискиот економист Робинс под поимот економска активност го подразбира комбинирањето на ретки ресурси и алтернативите во поглед на задоволувањето на потребите. Според Пигу, кој е познат по теоријата за економска благосостојба, суштината на поимот економска активност се сведува на активностите од областа на размената и тоа оние кои добиваат паричен израз т.е. може д се изразат во пари.

За овие две дефиниции карактеристично е тоа што тргнуваат од тоа дека создавачи на вредноста се трите фактори на производството: трудот, капиталот и земјата. Тој концепт се применува и во СНС1993.

Дефиниција на поимот економска активност има и во марксистичката економија и таму се истакнува дека таа е матријална основа на општествените односи. Ова дефиниција е изградена врз трудовата теорија за вредноста, според која вредноста единствено се создава во матријалното производство и во производствените услуги (сообраќај, трговија). Треба да се истакне дека во марксистичката литература повеќе се користи терминот општествена репродукција, а мошне малку терминот економска активност. Терминот општествена репродукција се користеше во поранешните социјалистички земји каде се подготвуваа макроекономски биланси. Во западната литература или стандардната економска наука, терминот репродукција се користи во сферата на демографијата, додека сите економски науки се користат со термините економска активност или економски процес.

Постојниот доминантен СНС во светот се потпира на пошироката концепција на производството и на создавањето на вредноста. Според таа концепција во поимот производство се вклучуваат три компоненти: матријално производство, производствени и непроизводствени услуги. Во суштина економска активност се сведува на производство, распределба и употреба на додадената вредност. Во документот СНС1993 вклучена е и една класификација на дејностите во една национална економија. Таа е меѓународна стандардна класификација на економските активности (ISIC). Таа класификација се состои од 17 дејности, кои се поделени на 60 области, тие на 222 гранки, тие на 509 групи, тие на 463 подгрупи. Сето тоа зборува за комплексната материја во СНС која треба да се изрази пред сѐ квантитативно. Во рамките на проблематиката на економската активност спаѓа и проблематиката на цените, продуктивноста, квалитетот на производството и сл.

СНС се потпира на кружниот тек на економска активност. Во основа во тој кружен тек главни субјекти се претпријатијата и домаќинствата. Во кружниот тек се движат добра и услуги, но и доходи. Поради тоа сите движења може да се групираат во две глобални групи: реални и монетарни текови.

Задачата на објаснувањето на кружниот тек е да се согледаат промените кои што настануват на страната на реалнте ресурси и на страната на финасиските плаќања и тоа во прв ред помеѓу претпријатијата и домаќинствата. Во кружниот тек претпријатијата главно нудат добра и услуги за трошење. Домаќинствата се јавуваат во двојна улога. Тие се производители и потрошувачи. Во тие трансакции настануваат бројни давања и примања на пари помеѓу претпријатијата и домаќинствата. Тоа е случај кога од економските текови се исклучени државата и надворешната трговија. Всушност тоа е еден поедноставен модел за објаснување на економскиот кружен тек во една национална економија.

Инаку трансакциите меѓу претпријатијата и домаќинствата може да се прикажат сликовито (следи слика 1 од фотокопија 4).

На левата страна под наведената слика е претставен секторот домаќинства. Тој се јавува како корисник на добра и услуги произведени од претпријатијата, но и како сопственик на фактори за производство кои им ги продава на претпријатијата. На десната страна е секторот претпријатија кои купуваат фактори за производство од домаќинствата и кои произведуваат и продаваат добра и услуги на домаќинствата. Од сликата се гледа дека домаќинствата и претпријатијата се среќаваат на два пазари: пазар на добра и услуги и пазар на фактори на производство. На тие пазари вкупната побарувачка се формира на страна на домаќинствата, а вкупната понуда на страна на претпријатијата. Кружниот тек може да се разгледува и само со помош на монетарни текови.

Наведениот модел на кружен тек се однесува на затворена економија во која се апстрахираме од улогата на државата, со цел на поедноставен начин да се согледуваат трансакциите во неа. Моделот може да се прошири и да се вклучи и секторот држава. Во тој случај економскиот кружен тек ќе го има следниов облик (следи слика 2 од фотокопија 4).

Од наведената слика се гледа дека државата е поврзана со претпријатијата со три текови. Првиот се движи од домаќинствата кон државата во облик на нето даноци. Другиот ја поврзува државата со пазарот на добра и услуги каде што таа купува добра и услуги. И во третиот тек, државата се поврзува со финансискиот пазар од кој се снабдува со потребни финансиски средства.

И од секторот домаќинства се одлеваат три тека. Првиот е нето данок кон државата. Вториот се состои во делот кој што самите домаќинства го трошат или го заштедуваат од доходот. И на крајот заштедениот дел оди преку финасиските пазари за инвестиции за претпријатијата или за државата. Понатаму од сликата се гледа и дека претпријатијата комуницираат со пазарот на добра и услуги, со пазарот на фактори на производство и со финансискиот пазар.

Двете наведени слики за кружниот тек се однесуваат на состојба на затворена економија, но ниту една економија не може херметички да се затвори во себе, туку мора да комуницира со остатокот од светот преку увоз и извоз на добра и услуги. Поради тоа треба да се гради модел на отворена економија во кој покрај секторите домаќинства, претпријатија и држава ќе се вклучи и секторот странство.

Економската активност и кружниот тек во стварноста се многу покомплексни и многу работи не може да се опфатат со било кој модел. Покрај тоа за да се опфатат и некои од нив, потребно е да се познаваат и многу други аспекти на СНС.


Следи фотокопија 5:

1.5 Извори на податоци за системот на национални сметки[уреди]

1.6 Облици на прикажување на националните сметки[уреди]

1.7 Рамки (аспекти) на националните сметки[уреди]

2. Институционални единици и институционални сектори[уреди]

2.1 Институционални единици[уреди]

Институционалните единици (ИЕ) претставуваат главен актер на економската активност и може да се групираат според различни критериуми. Под самиот поим ИЕ се подразбира основна статистичка единица за донесување економски одлуки и тоа врз принципот на самостојно одлучување. Покрај тоа што ИЕ се статистички единици, тие истовремено се и економски единици.

Во таа смисла во документот СНС1993 се истакнува дека (дефиниција): ИЕ претставува економски субјект кој е способен во свое сопствено име да поседува имот, да создава обврски и да учествува во економски активности и трансакции со други ИЕ. Како главни белези или карактеристики на ИЕ се истакнуваат следниве:

  • ИЕ има право да поседува добра или имот;
  • ИЕ има право да стекнуваат обврски за своја сметка и да влегуваат во договорни односи со други ИЕ;
  • ИЕ има право да донесува економски одлуки при што е одговорна кон законите на одредена земја;
  • за ИЕ карактеристично е и множество сметки, вклучувајќи го тука и билансот на активата и пасивата.

ИЕ главно се правни лица и тие претставуваат центри за донесување на одлуки и како такви водат сопствено сметководство. Покрај тоа некои ИЕ можат да бидат и физички лица. Тоа се главно поединци, група на лица, домаќинства и др. Според тоа една од главните поделби е на физички и на правни лица, чие пак егзистирање е утврдено со закон.

Од аспект на националното сметководство ИЕ претставуваат сметководствени единици. Гледано од тој агол националната економија на една земја може наједноставно да се дефинира како збир на ИЕ. Двете спомнати групи на ИЕ (физички и правни) понатаму може да се делат на повеќе подргупи. Пример: правните лица може да се делат на корпорации, државни ИЕ и непрофитни ИЕ. Корпорациите, кои уште се сретнуваат под името профитни ИЕ, се основаат за да произведуваат добра и услуги за пазар и да остваруваат профит или некој друг вид на добивка. Овој вид на ИЕ во економската литература се сретнува и под други имиња: акционерски друштва, акционерски компании, акционерски претпријатија итн.

Вториот вид на правни лица – државните ИЕ постојат заради обезбедување на добра и услуги за заедницата и домаќинствата. Покрај тоа тие вршат и одредена редистрибуција на доходот. Главен извор на нивното финансирање се дирекнти и индиректни даноци. Државните ИЕ прават расходи кои може да се групираат во три групи:

  • расходи кои што ги прави државата за задоволување на колективните потреби во општеството;
  • расходи за обезбедување на стоки и услуги на поединци или домаќинства, и тоа бесплатно обезбедување или обезбедување по пониски цени од пазарните;
  • трансфери, однсосно неповратни средства кои ги дава државата на други ИЕ, а најмногу на домаќинствата.

На крајот третата група, односно непрофитните ИЕ се формираат за да произведуваат добра и услуги, но тоа не го прават за профит. Покрај тоа таа група на ИЕ се одликува по тоа што основачот има контрола или финансира одредена ИЕ. Исто така непрофитните ИЕ можат да се поделат и на пазарни и непазарни. Како што кажуваат нивните називи, пазарните се однесуваат на единици кои што го опслужуваат деловниот сектор. Тоа се главно деловни здруженија, истражувачки и развојни институти, лаборатории и др. За непазарните непрофитни ИЕ карактеристично е тоа што обезбедуваат добра и услуги бесплатно или по цена пониска од економската.

Од сѐ досега кажано, произлегува дека сите ИЕ може да се поделат во следниве 4 групи: профитни, државни и непрофитни ИЕ и домаќинства.

Според една друга поделба сите ИЕ може да се поделат на резидентни и нерезидентни. Како резидентни ИЕ се сметаат оние кои што имаат седиште во и кои што работат на економската територија на една земја. Покрај тоа тука спаѓаат и членовите на дипломатските претставништва во странство, студентите кои студираат во странство, сезонските работници кои работат во странство, туристи и други лица кои накратко престојуваат во странство. Како нерезидентни ИЕ се сметаат оние странски ИЕ кои извршуваат трансакции со резидентните единици. Тие се групираат во посебен сектор – сектор странство, сектор остаток од светот.

Според СНС1993 основни ИЕ се претпријатијата, домаќинства и државата (администрацијата). Кон нив се придружува и ИЕ странство. Се смета дека претпријатијата влегуваат во најтесната група на главни ИЕ. Во СНС се стретнуваат повеќе видови на претпријатија. Најпрвин тука се оние кои произведуваат добра и услуги за пазар и кои настојуваат да остварат профит. Потоа тука се т.н. квази претпријатија кои произведуваат добра и услуги за пазар, но целта не им е остварување на профит. Тие уште се викаат непрофитни претпријатија. Исто така во групата претпријатија спаѓаат и претпријатијата што се занимаваат со осигурување, но за оваа група карактеристично е што не се вклучуваат во секторот претпријатија, туку во финансискиот сектор.

Претпријатијата може да се групираат и во зависност од формата на сопственост. Од тој аспект се издвојуваат: индивидуални претпријатија (кои припаѓаат на институционалниот сектор (ИС) домаќинства), акционерски друштва (конституирани од акционери) и квази друштва, кои строго правно гледано не се друштва, но може да се споредуваат со нив.

Постојат и други поделби. Според една од нив има и: јавни, приватни и национални или мултинационални претпријатија. Сето ова значи дека во СНС називот претпријатија се користи за разни видови претпријатија. Поради тоа во документот СНС1993 е дадена прецизна дефиниција на поимот претпријатие: Претпријатието претставува правен субјект создаден со цел да произведува добра и услуги за пазар кои можат да бидат извор на разни видови на добивки за сопственикот. Како такво претпријатието е во заедничка сопственост на акционерите кои имаат и право да именуваат директор кој ќе биде одговорен за работењето на претпријатието.

Од дефиницијата може да се заклучи дека таа се однесува на главно на втората група претпријатија – тоа се акционерските друштва. Иако претпријатијата како ИЕ заземаат едно од централните места во СНС, сепак при изготвувањето на националните сметки се тргнува од погонот како дел од одредено претпријатие. Погонот овозможува попрецизно да се согледаат од технолошко-економско природа во процес на производство. Погоните во големите претпријатија може да се групираат во производствени гранки. Посебно значење погоните имаат за пресметување на додадената вредност врз принцип на хомогени чисти дејности и при подготовките на инпут/аутпут табелите.

Во документот СНС1993 е предложено претпријатијата да се групираат во две групи: нефинансиски и финансиски (банки, осигурителни друштва и др.) претпријатија. Исто така во групата ИЕ претпријатие спаѓаат и помошните претпријатија. Тоа се всушност претпријатија кои се подружница на некое надредено претпријатие и работат за неговите потреби. Во ИЕ претпријатие спаѓаат и задругите и другите д.о.о. Во ИЕ претпријатие вклучени се и квази претпријатијата.


ИЕ домаќинства: Домаќинствата се третираат во демографијата пред сѐ како физичко лице и како такви се предмет на набљудување во статистиката. Домаќинствата се третираат како заедница на лица кои живеат во иста институција. Во СНС постоеше дилема дали домаќинствата да се третираат како физичко лице или како група лица. Како компромисно решение под поимот домаќинства во СНС се подразбира мала група на луѓе , поединци кои живеат заедно и кои ги делат добрата за живеење, кои трошат дел од приходот, а другиот дел го употебуваат за проширување на богатството. Во ИЕ домаќинства вклучени се и индивидуалните претпријатија.

Во најголемиот дел од нивното функционирање домаќинствата се претставени како потрошувачка единица, но во практиката тие извршуваат и други економски функции како производствената.


Државата или администрацијата: Во оваа ИЕ вклучени се јавни или приватни сметководствени единици како и непрофитни единици кои учествуваат во економскиот живот. Во основа јавната администрација извршува непазарни услуги за сите други ИЕ, или пак извршува одредена редистрибуција на доход или имот. Во СНС државата или администрацијата претставува буџетска или сметководствена единица.

Како и кај другите ИЕ така и кај државата можни се повеќе поделби, но најчесто таа се дели на централна, локална и администрација за социјална сигурност каде спаѓаат фондот за социјално осигурување, фондот за пензиско осигурување, фондот за вработување итн.

Во оваа ИЕ спаѓа и приватната администрација која како поим е мошне широка и разновидна. Во неа се вклучуваат разни здруженија како институти, фондации, друштва од разнородна природа каде спаѓаат културни, уметнички, научни, спортски и други друштва. Потоа тука спаѓаат и синдикатите на вработените, политичките партии и др. Во принцип приватната администрација која се состои од разни здружувања има карактер на непрофитна организација и како таква дава специфични услуги.


Странство или остаток на светот: Во оваа ИЕ се настојува да се вклучат носители на трансакции меѓу резиденти и нерезиденти. Како што рековме резиденти се оние кои постојат на територијата на една земја но и единици со посебен третман кои што се лоцирани и дејствуваат во странство. Во некои земји ИЕ странство се дели на две подргупи. Пример, за членките на ЕУ едната подгрупа е самата ЕУ, а другата е остатокот од светот.

Во некои земји, пр. Франција, постојат три делови на остатокот на светот: прекуморски територии на Франција, ЕУ и остатокот од светот. Од оваа класификација се гледа дека разликата е само во првиот елемент. Тој произлегува од поширокиот третман на поимот економска територија. За Франција економска територија е Франција плус некои прекуморски земји и територии.


2.2 Институционални сектори и подсектори[уреди]

Под поимот ИС се подразбира хомогена група на ИЕ кои извршуваат исти дејности или активности или како што уште се вели имаат аналогно економско однесување. Поимот ИС има две главни карактеристики:

  • главната функција на секторот;
  • потеклото и природата на главните извори.

Најглобално ИС може да се поделат во две групи: национална економија и странство. Секторот национална економија се состои од неколку сектори меѓу кои основни се: нефинансиските претпријатија, финансиските институции (финансиски сектор), јавната администрација, домаќинствата и непрофитни организации кои даваат услуги на домаќинствата (приватна администрација). Значи националната економија е составена од пет сектори. Од друг агол националната економија се состои од ИЕ групирани во ИС.

Во СНС1993 поподробно се наведени главните функции и главните извори на одделните ИС. На пример, за секторот нефинансиски претпријатија е кажано дека главна функција му е да произведува добра и услуги за пазар. Потоа е наведено дека главниот извор на средства за тој сектор се примањата од продажбата на добра и услуги.


Првиот сектор го претставуваат нефинансиските претпријатија и квази претпријатијата. Тоа е нефинансискиот сектор. Како што рековме во примерот нефинансискиот сектор се занимава со производство на добра и нефинансиски услуги за пазар. Единиците од овој сектор имаат свое сметководство, а правната форма им е мошне различна. Имено тие се појавуваат како анонимни друштва, д.о.о., општи друштва итн. Приватните претпријатија кои не се правни правно лице се исклучуваат од овој сектор и одат во други сектори. Во документот СНС1993 поподробно се наведени ИЕ кои го сочинуваат нефинансискиот сектор:

  • сите резидентни нефинансиски претпријатија без оглед на резидентноста на нивните акционери;
  • сите резидентни нефинансиски квази претпријатија кои вклучуваат подружници или агенции на нефинансиски претпријатија во странство;
  • сите резидентни непрофитни установи кои произведуваат добра или нефинансиски услуги за пазар.

Нефинансиските и квази претпријатијата можат да бидат јавни, национални, приватни и контролирани од странство. За јавните претпријатија карактеристично е тоа што се контролирани од државата или од некои локални колективитети. Во некои од земјите во светот посебно се издвојуваат големите национални претпријатија контролирани од странство. За приватните карактеристично е тоа што не се контролирани од државата или од некои локални колективитети. Меѓу другото тие се разликуваат и по својата големина, управување и сл.

Индивидуалните претпријатија како земјоделските задруги, малите индустрии, знаетчии, трговци, разни слободни професии и др. кои продаваат добра и нефинансиски услуги на пазар се во секторот домаќинства.

Квази претпријатијата или корпорациите се релативно големи претпријатија кои најчесто се јавуваат во облик на партнерства и индивидуални претпријатија. Тие работат како корпорации и водат свое сметководство. Во сегашниот СНС нефинансиските претпријатија се групираат во три подсектори: јавни нефинансиски претпријатија, национални приватни нефинансиски претпријатија и нефинансиски претпријатија контролирани од странство.


Вториот сектор се финансиските институции – финасискиот сектор. Задачата на единиците од овој сектор е од областа на финансиската дејност. Со други зборови кажано тие собираат, трансферираат и прераспределуваат финансиски средства и управуваат со финансиски прозиводи. Тие се занимаваат со финансиско работење, посредување, или пак со активности блиски до финансиско посредување. Претпријатијата од финансискиот сектор стекнуваат одредени обврски и си обезбедуваат средства преку финансиски трансакции. Финансиското посредување е посебна дејност со која единиците создаваат обврска за своја сметка со цел да обезбедат финансиски имот со вклучување на финансискиот пазар.

Според СНС1993 финансискиот сектор е декомпониран на три сектори:

  • централни банкарски власти чија основна фунцкија е емисија на пари и одржување на стабилност на внатрешна и надворешна вредност на парите;
  • други монетарни институции како што се пресметковни, клириншки, депозитни, регионални и локални банки, кредитни задруги, поштенски штедилници, хипотекарни банки и др;
  • претпријатија за осигурување и автономни пензиски фондови.

Во некои земји поради специфичноста на проблематика на осигурувањето единиците кои вршат таква дејност се вклучуваат во посебен сектор. Главна задача не единиците од осигурувањето е да го претворат индивидуалниот ризик во колективен ризик, ветувајќи плаќање доколку настане ризик. Овие единици се разликуваат од другите претпријатија кои што нудат услуги со тоа што сѐ повеќе во нивната активност се вградува финансирањето.

Нефинансискиот и финансискиот сектор може да се прикажат заедно како еден сектот. Тој се нарекува деловен сектор – сектор стопанство. Тој сектор според меѓународнта стандардна класификација на економските активности се состои од 17 дејности.


Секторот држава или јавната администрација е третиот сектор. Според СНС државата остварува повеќе основни функции. Таа обезбедува добра и услуги за заедницата во целина или за индивидуалните домаќинства. Тоа го постигнува со помош на даноците и други приходи. Потоа државата врши прераспределба на приход и богатство, и на крајот таа остварува одредено непазарно производство.

Единиците од секторот држава може да се разгледуваат како единици кои имаат закодавна, извршна и судска власт. Потоа тие може да се јават и како единици кои произведуваат.

Активностите на секторот држава се сведуваат на прибирање на средства, приходи, на разни начини (даноци, царини и сл.). Потоа собраните средства во форма на јавни расходи ги трошат за задоволување на одредени колективни потреби, а посебно потеби на домаќинствата. Финансискиот сектор кој се реализира преку државата ги има истите три подсектори кои се јавуваат кај самиот финасиски сектор.

Во секторот држава спаѓаат државните органи кои извршуваат активности од непазарен карактер, разни некомерцијални органи кои постојат како самостојни правни лица и кои извршуваат главно непазарни услуги. За извршување на својата активност тие добиваат средства од министерствата. Во секторот држава спаѓаат и фондови за социјално осигурување и тие може да постојат на различни нивоа.

Во СНС1993 содржана е една посебна класификација која е наречена класификација на функциите на државата – COFOG. Таму се дефинирани девет функции на државата.


Непрофитните институции кои даваат услуги на домаќинствата се четвртиот сектор. Овој сектор дава услуги бесплатно или по цени кои не се со економско значење, т.е. цени кои не ги покриваат вкупните трошоци на производство. Главни извори на приходи за овој ИС се приходите од повремените продажби, доброволните придонеси од домаќинствата, како и доходот кој го остваруваат од сопствен имот. Овој сектор во некои земји е приклучен во секторот домаќинства, но во земји со поразвиен стопански систем фигурира како посебен сектор.

Во документот СНС1993 содржана е посебна класификација на активностите кои ги извршува овој сектор. Таа класификација е позната под името COPNI. Во неа се утврдени 8 групи на активности.


Следи фотокопија 6:

Сектор домаќинства,

Сектор странство.


3. Економски трансакции и други текови[уреди]

3.1 Поим и главни видови економски трансакции[уреди]

Економската активност во националните економии се одвива преку трансакции или како што некои ги нарекуваат операции. Носители на трансакциите се институционалните единици и нивните делови кои произведуваат, трошат, акумулираат, штедат и инвестираат. Најголемиот дел од трансакциите се извршуваат преку пазарот, но има и активности кои не се реализираат преку пазар.

Во својата суштина трансакциите претставуваат економски текови меѓу институционалните единици засновани на договор или пак активности во рамките на една институционална единица.

Поради големиот број на трансакции постојат и различни нивни групирања според различни критериуми. Една од поделбите на економските трансакции е онаа која ги дели на реални (немонетарни) и монетарни (парични). По својата суштина реалните трансакции се сведуваат на добра и услуги. Тие не се јавуваат во пари за да се вклучат во националните сметки, туку тие се проценуваат во пари. По правило тие настануваат помеѓу институционалните единици, но може да настанат и во рамките на една институционална единица. Содржината на монетарните текови се финансиските обврски. Во основа тука спаѓаат разни исплати и наплати. Поделбата на трансакциите на реални и монетарни овозможува полесно да се објасни кружниот тек на економскиот процес.

Постои и друга поделба на трансакциите според која тие се делат на тековни и капитални. Тековните се извршуваат во пари или натура и се одвиваат во производството и доходот. Кај капитални се врши трансакција на фондови (средства, имот). И тие, исто така, може да се извршат во пари или натура. Со овој вид трансакции всушност се врши прераспределба на доходот и богатството.

Економските трансакции можат да се поделат и на реализирани и инпутирани. Реализираните се извршуваат со помош на пазарот и кај нив има пренос на добра и услуги од еден до друг субјект. Инпутираните не се предмет на размена на пазарот. Најчесто тие се јавуваат кога производителот на едно добро се јавува и во улога на негов потрошувач (пример: кога земјоделецот троши дел од своето производство за сопствени потреби).

Економските трансакции се делат и на независни и комбинирани. Првите се нарекуваат уште и трансфери. Тоа се всушност еднострани давања каде нема надоместување во износ на против вредност. За комбинираните карактеристично е постоење на постоење на релани и монетарни трансфери (пример: продажба на некое добро за пари).


Во СНС1993 се прави разлика меѓу текови и состојба. Тековите се однесуваат на активности и последици од нив кои настануват во одреден временски период. Економските текови се делат на трансакции за кои веќе зборувавме и на други текови. Како други текови се сметаат оние промени во вредноста на активата и пасивата каде што не настануваат трансакции. Тука спаѓаат откритија на подземни извори, воени разорувања, природни катастрофи и др. Кај состојбите карактеристично е тоа што регистрирањето се одвива на одреден ден и со него се настојува да се одрази големината на нешто на тој ден. Состојбите се покарактеристични за одредени аспекти на општественото богатство.


Во СНС1993 економските трансакции се групирани во следниве групи:

    1. трансакции на добра и услуги;
    2. трансакции на распределба;
    3. финансиски трансакции.
    4. други економски трансакции – ставки на акумулација.

Во последната група всушност се вклучени оние кои ги нема во првите три. Предмет на изучување ќе бидат само првите три групи.


Трансакции на добра и услуги


Кај овој вид на трансакции настанува креирање, разменување, трансформирање и трошење на некое добро или услуга. Со други зборови кај овие трансакции се изразуваат изворите и употребата на добрата и услугите. Тие пред сѐ се резултат на производството, и тоа домашното и од увоз. Поради тоа некои сметаат дека производството е синоним за добрата и услугите во една земја.

Добрата и услугите во една земја може да служат меѓуфазна, финална и инвестициона потрошувачка и извоз. Врз основа на изворите на производството и увоз на добрата и услугите и врз основа на разните добра и услуги според нивната намена се составува најопштата равенка за макроекономска рамнотежа во една земја: Y = C + I + G + (X – M).


Во рамките на СНС1993 прикажана е посебна класификација на добрата и услугите која е позната како класификација “P” (пе). Таа се состои од следниве елементи (а до д):


а) производство на добра и услуги – се сведува на креација на полезни добра и услуги за задоволување на индивидуални и колективни потреби. Суштинската карактеристика кај производството е продуктивноста. Но токму по прашањата на продуктивноста постојат различни концепции: потесна (материјалистичка, марксистичка) и поширока која е прифатена од СНС на ОН.

Според потесната концепција производството го сочинуваат матријалните добра и производствените услуги. Според таа концепција покрај во материјалното производство добрата и услугите се создаваат и во сообраќајот и трговијата кои овозможуваат добрата и услуга да стигнат од местото на производство до местото на потрошувачка. Потесната концепција се употребуваше во поранешните социјалистички земји каде се составуваа макроекономски биланси.

Пошироката концепција е прифатена во СНС1993 и според неа за производство се смета секој полезен ефект независно дали се реализира на пазар или надвор од него. Поконкретно кажано според таа концепција производството се состои од матријални добра, производствени и непроизводствени услуги. Според оваа концепција добрата и услугите се резултат на сите основни фактори на производството, а не само на трудот како што тврди првата.

Гледано од друг агол, според пошироката концепција производството се дели на следниве три дела:

  1. вредност на пазарно производство;
  2. вредност на непазарно производство;
  3. вредност на производство наменето за сопствена финална употреба.

За пазарно се смета она кое се реализира на пазарот и тоа по цени кои треба да ги покријат трошоците. Со други зборови тоа се реализира по пазарни цени. Наспроти тоа, непазарното производство се валоризира по цена на чинење, додека она производство кое е наменето за сопствена употреба се валоризира по пазарни цени кои важат истите елементи од групата на пазарното производство.

Инаку, производството на добра и услуги се состои од добра и услуги кои се произведени во една национална економија но и од увезени добра и услуги. Тие два елементи ја сочинуваат левата страна на равенката на макроекономска рамнотежа во една земја. Десната страна се состои од елементите на употреба на добрата и услугите, а тоа се меѓуфазната и финалната потрошувачка, бруто инвестициите и извозот.


Y + M = C + I + G + X


б) меѓуфазна потрошувачка – во основа потрошувачка се дели на меѓуфазна и финална. Меѓуфазната потрошувачка може да се најде и под називот производствена потрошувачка. Во неа всушност минува една од фазите на производството во поширока смисла на зборот. Од меѓуфазната потрошувачка се исклучува фиксниот капитал во кој спаѓаат добра со рок на траење подолг од една година. Тоа значи дека за меѓуфазната потрошувачка каде што главно спаѓаат: материјали, суровини, полупроизводи и др. релевантен е рок помал од 1 година.

Меѓуфазната потрошувачка може да биде интерна и екстерна. Интерната е онаа која што е направена во гранката од која потекнува одреден производ. Наспроти неа екстерна е онаа кога производот од една гранка се користи во други гранки.


в) финална потрошувачка – како што кажува нејзиниот назив тука станува збор за потрошувачка на добра и услуги заради непосредно задоволување на индивидуални и колективни потреби. Кога се задоволуваат индивидуалните потреби тоа е лична (индивидуална) потрошувачка. Во неа добрата се обезбедуваат преку пазар, може да се обезбедат бесплатно, но може и самиот потрошувач да ги произведе.

При задоволувањето на финалните потреби станува збор за финална потрошувачка на непазарни услуги од јавни и приватни администрации.

При определувањето дали еден производ ќе има финална употреба битна е неговата природа и функцијата на неговата дестинација. Пример, купувањето на автомобил може да се регистрира на следниве начини:

  • ако е купен од резидентно домаќинство тогаш е финална потрошувачка;
  • ако е купен од воена администрација тогаш е меѓуфазна потрошувачка;
  • ако е купен од резидентна производствена единица тогаш е инвестициона потрошувачка;
  • ако е купен од нерезидентна единица тогаш е извоз.

г) Бруто инвестиции/формирање на капитал - овој елемент од класификацијата “P” е составен од три подгрупи: бруто инвестиции во фиксен капитал, промени на залихи и салдото кај драгоценостите или вредностите.

Во бруто инвестиции во фиксен капитал спаѓа вредноста на добрата чие користење е подолго од 1 година и кои се употребуваат во процесот на производство. Ова правило има исклучоци. Пример трајните добра кои се користат во воената администрација се сметаат за меѓуфазна потрошувачка. Во таа смисла еден вид на добро на некои места може да се смета за фиксен капитал, а на други за меѓуфазна потрошувачка.

Како формирање на фиксен капитал во домаќинствата се смета само стекнувањето на нови станови и покрупни поправки на постојните станови. Другите трајни добра во домаќинството (бела техника, автомобили) се финална потрошувачка. Добрата кои служат како фиксен капитал или како меѓуфазна потрошувачка се проценуваат по пазарни цени.

Залихите се со траење до 1 година. и се користат за разни намени. Според СНС1993 тие се состојат од суровини, матријали, недовршено производство, готови производи и трговски стоки. При пресметката на БДП залихите се вклучуваат како салдо од состојбите на почетокот и на крајот на годината. Тоа се прави затоа што во текот на постојната година може да се случи да се користат залихи од претходните години, но исто така може да се случи и делови од залихите од тековната година да останат неискористени. При пресметувањето на вредноста на залихите треба да се елиминира и влијанието на цените.

Драгоценостите или вредностите се состојат од драгоцени метали и камења, уметнички предмети и сл. Една од општите карактеристики на драгоценостите е што најчесто се користат како средство за трупање на богатството.


д) Извоз и увоз на добра и услуги – како извоз се третираат добрата што ја напуштаат економската територија на една земја и се користат за задоволување на потребите во странство. Тоа се добра доставени од резиденти до нерезиденти. Во оваа ставка се вклучуваат и сите потрошени добра и услуги од страна на нерезиденти на економската територија на една земја. Пример за ова се туристите кои престојуваат во некоја земја и трошат добра. Извозот се фалоризира во ФОБ вредности кои ја вклучуваат цената на производот, трговската маржа, превозот до граница и даноците што треба да се платат.

Во случај на увоз на добра има обранто движење – од нерезиденти кон резиденти. Увозот се валоризира според принципот на ЦИФ вредности каде покрај вредноста на доброто или услугата, предвид се земаат и превозот и осигурувањето до граница.

Покрај добрата предмет на увоз и извоз можат да бидат и разни услуги од доменот на транспортот, осигурувањето, финансирањето и др. По правило услугите се валоризираат по пазарни цени.


Трансакции на распределба


Со овие трансакции се објаснува како се распределува додадената вредност и потоа како се прераспределува доходот што е наменет за фиксен капитал и за финална потрошувачка. За оваа група трансакции се користи изразот редистрибутивни трансакции. Најглобално гледано сите трансакции од сверата на распределбата може да се поделат во 2 групи: трансакции на распределба на доходот (се нарекуваат уште и примарни доходи) и трансфери на капитал. Во првата група спаѓаат доходите од труд, капитал, претприемништво и разни доходи од сопственост. Вторите пак се делат на тековни и капитални трансфери.

Според една друга поделба трансакциите од областа на распределбата се делат на: доходи на факторите на производството и редистрибутивни трансакции каде се вклучуваат разните видови трансфери, но и даноците на доходот и богатството.

Во документот СНС1993 содржана е посебна класификација на трансакциите од областа на распределбата позната како класификација “D” (де). Според неа како трансакции од сферата на распределбата се сметаат следниве (а до ж):

а) надомест на вработените – можат да бидат во пари или натура и нив ги исплаќаат претпијатијата за извршената работа од страна на вработените. Во оваа група спаѓаат платите, надниците, придонесите за социјално осигурување, надоместоци за боледување и повреда при работа, надоместоци за породилно отсуство.

б) даноците на производство и увоз – ги вклучуваат посредните даноци и царините и голем број на други даноци и такси.

в) субвениции – тоа се посебен вид на тековни трансфери наменети за производствен процес. Нив главно ги исплатува државата на разни претпријатија заради компензација на делови загуби предизвикани од одредени мерки на економската политика. Бројните субвениции можат да се поделат во три групи: субвениции на производи, субвениции на производство и увозно-извозни субвениции.

г) во групата трансакции од областа на доход од сопственост и претприемништво спаѓаат: камати, дивиденди, ренти, доход од полиси за осигурување, профит што се распределува на работниците заради стимулирање итн.

д) во групата тековни даноци спаѓаат даноци на доход, богатство и сл.

ѓ) социјалните придонеси и користи – нив ги плаќаат работодавците во соодветни фондови со цел да го остварат правото за себе и аа вработените за социјална заштита и пензија. Тука спаѓаат разни надомсетоци за социјална помош и сл.

е) разни тековни трансфери – тука се вклучени нето премии за животно осигурување, разни меѓународни трансфери и др.

ж) капитални трансфери – даноци на капитал, инвестиции и други видови трансфери на капитал.

Постои и група на други трансфери која ги содржи оние кои ги нема погоре.


Финансиски трансакции


Како и кај другите групи на економските трансакции, така и трансакциите од финансиската сфера може да се групираат во разни група. Според една од тие класификации финансиските трансакции се групираат во 4 групи:

  • инвестициони инструменти: бонови, обврзници, акции и сл.;
  • платежни инструменти: пари, депозити, меѓународни платежни средства како златото, специјални права на влечење, заеми и сл.;
  • инструменти на финансирање: краткорочни, среднорочни и долгорочни заеми;
  • технички резерви на осигурување: однапред платени премии за осигурување.

Во документот СНС1993 постои детална класификација на финансиските трансакции која е позната под името класификација “F”. Нејзино попрецизно име е трансакции на финансиски инструменти. Таа ги содржи (а до е):

а) монетарно злато – она кое е во сопственост на монетарните власти и како такво е компонента на девизните резерви.

б) специјални права на влечење – тоа е меѓународна резерва креирана од ММФ и алоцирана на неговите членки со цел да им се зголеми резервната актива.

в) депозити – ови вклучуваат испати по видување, слободни исплати со чекови, жиро сметки итн. Овие се нарекуваат преносливи депозити, а има и непреносливи (непреносливи депозити на штедење, орочени депозити во странски валути).

г) хартии од вредност – меници, обврзници, разни комерцијални хартии од вредност со кои се тргува на финансиските пазари.

д) заеми – финансиски средства што доверителите им ги позајмуваат на одделните субјекит. Можат да бидат краткорочни, среднорочни и долгорочни.

ѓ) акции - тие претсавуваат одредени делови од капиталот на акционерските друштва. Тие во прв ред се документот за сопственост на дел од компанијата, носат право на управување, како и право за учество во добивката во форма на дивиденда. Акциите можат да се купуваат и продаваат.

е) технички резерви на осигурување – се чуваат за вонредни ризици, за авансирање на премии, за резерви во случај на вонредни барања итн.

Постои група на други сметки на обврски на побрарувања која ги содржи оние кои ги нема погоре.

4. Основни карактеристики на СНС1993[уреди]

Не постои единствено мислење кои од карактеристиките на СНС1993 можат да се сметаат за основни, а кои за посебни и специфични карактеристики. Но и покрај тоа врз основа на консултираната литература како основни можат да се издвојат:

  1. Комплексност – СНС претсавува систем на сметки, табели, дијаграми, биланси, матрици и сл. Од самото тоа може да се извлече заклучок дека СНС е мошне комплексен систем. Меѓу другото за неговата комплексност и обемот зборува и големината на докуметнтот во кој се содржани основите на СНС1993. Имено документот има форма на енциклопедиски труд и содржи на 700 страници текст, табели, матрици и дополнителни матријали во форма на анекси.
  2. Синтеза на економската теорија, статистика и сметководство - поврзаноста на СНС1993 со економската теорија се состои во тоа што основите поими, а и целината на системот се засноваат на кејнзијанската и неокласичната теорија. СНС е поврзан и со статистиката бидејќи користи бројни податоци кои се собрани и обратотени во статистичарите. Поврзаноста со финансиското сметководство произлегува од таму што и СНС е изграден врз основа на принципот на должења/побарувања, приходи и расходи. Покрај тоа и тука се настојува да се почитува принципот на рамнотежа меѓу приходите и расходите – принципот на двојно сметководство. Дури и повеќе, во СНС егзистира принцип на четвороструко сметководство на економски трансакции. Исклучок претсавуваат трансакции кои настануваат во една институционална единица и имаат две книжења, а вредноста на трансакциите се утврдува по принцип на проценка.
  3. Потпирање врз пошироката концепција на производството – СНС тргнува од тезата дека создавачи на производи и вредност се основните фактори на производството: трудот, капиталот, земјата. Согласно со таа теза како производство се смета материјалното производство, производствените услуги и непроизводствените услуги. ВО СНС се настојува пореално да се утврдат границите на така дефинираното производство во една национална економија, или пак во нејзините рамки, производството на институционалните единици, институционалните сектори и подсектори.
  4. Институционални единици и сектори - овие ги претсавуваат основните носители на економската активност која се остварува преку бројни економски трансакции и други текови. Со оглед на тоа што постојат бројни трансакции и нивни носители, економската активност во една национална економија се групира според одредени критериуми во неколку главни институционални единици и институционални сектори.
  5. СНС како низа на сметки – во СНС се презентира производство на додадена вредност, потоа нејзина распределба и прераспределба, како и нејзина употреба од страна на бројни корисници. Споменатите активности кои се реализираат преку бројни трансакции меѓусебно се надоврзуваат едни на други како алки на еден синџир. Од тука всушност произлегува карактеристиката на СНС како низа на сметки. Таа поврзаност во СНС1993 се изразува преку 3 тековни сметки:
  • сметка производството;
  • неколку сметки од доменот на распределбата и употребата на доходот;
  • сметки на акумулацијата.

Покрај со овие сметки поврзаноста се остварува и преку неколку биланси. Во споменатите сметки се тргнува од додадената вредност која што претсавува извор на примарната распределба и таа се пренесува на сметката формирање на доходот. Во рамките на сметките од областа на распределбата како поврзувачка сметка, како билансна сметка, се јавуваат сметките на штедењето. Потоа сметките на штедењето се пренесуваат на сметките од областа на акумулацијата или поконкретно сметката на капиталот. Од своја страна штедењето и акумулацијата се мошне значајни за растот на производството во иднина. Поврзаноста меѓу одделните сметки овозможува да се подготват интегрирани економски сметки како и матрицата на општествените сметки.

  1. Национални граници – за да се определат овие потребно е да се дефинира поимот економска територија. Како што веќе рековме економската територија ја сочинуваат неколку сегменти. Покрај тоа што се респектираат националните граници и економската територија, со СНС се настојува да се регистрираат и економските трансакции меѓу резидентните институционални единици и нерезидентните институционални единици.
  2. Намена на СНС – по својата природа СНС1993 е повеќе-наменски систем, односно се користи за остварување на повеќе цели. Во таа смисла во самиот документ СНС1993 се истакнува дека главна негова цел е да обезбеди концепциска и билансна основа која ќе овозможи создавање на макроекономска база на податоци кои ќе се користат при анализа на состојбите и при креирање на економската политика на една земја од страна на еден главен носител.

Статистичкиот уред на ОН како и економскиот и социјален совет на ОН, истакнуваат дека СНС1993 претсавува меѓународен стандард за:

  • собирање на статистички податоци за потребите на националното сметководство;
  • поттикнување на интегрирање на економски и други сродни статистики;
  • економска анализа;
  • меѓународни компарации на податоци на одделни земји.

СНС би бил уште покорисен доколку покрај годишните национални сметки се прават и тримесечни национални сметки, како и доколку се подготвуваат одредени регионални сметки и сл. Во некои поразвиени земји се практикува покрај годишни да се објавуваат и тримесечни национални сметки, односно покрај сметки за вкупната национална економија да се прават сметки за одредени региони, како и сметки за значајни производи. СНС овозможува со помош на квантитативните методи и со помош на денешните компјутери да се извршува продлабочена економска анализа – со други зборови овозможува попрецизно да се дијагностицира состојбата, но и да се откријат причините зошто работите се такви какви што се. Една од намените на СНС е во креирањето на економската политика и донесувањето на одредени одлуки. СНС исто така овозможува да се прават прогнози, односно толку колку што е можно да се предвидат идните настани во економијата. Ова може да се прави на ниво на економска територија на една земја, но и на одредени нејзини сегменти. Повеќе наменските карактеристики на СНС овозможија тој да биде од полза на повеќе државни, но и на поединечни корисници.

СНС исто така е од полза и при меѓународни компарации на разни категории. Најчесто споредуваните категории се изразуваат per capita. Често пати се преведуваат и во големини кои соодветствуваат на паритетот на куповните сили во земјите што се споредуваат. Покрај ова, СНС се користи и за утврдување на капацитетот на националната економија, во случај кога треба да се дадат заеми, помош и сл. Во тој дух СНС се користи и за утврдување на учеството на членките на некоја организација. Пример во ОЕЦД, придонесот на членките за финансирање на организацијата се определува во зависност до капацитетот на економиите, а тој капацитет се изразува со помош на националните сметки.

  1. Флексибилност во примена и употреба на СНС – иако СНС1993 претсавува определен стандард, модел и препорака за подготовка на националните сметки на сите членки на ОН, сепак тој остава широк простор за слобода во креирањето на националните сметки во одделните земји. Со други зборови СНС1993 не треба да се свати како готов рецепт кој што може механички да се примени во било која земја. СНС1993 нуди одредени решенија, но остава простор за развој на специфичен развој на СНС од одделните земји. Оттука ако се споредат националните сметки на одредени земји ќе се констатира висок степен на сличност, но и одреден степен на различност. Различноста произлегува токму од флексибилноста во примената на СНС1993. Во самиот документ СНС1993 препорачани се разни форми преку кои може да се оствари принципот на флексибилност во примената на СНС1993 во одделни земји. Реализацијата на флексибилноста се овозможува и со примена на посебни групи на сметки – сателитски (придружни) сметки и тоа во областа на образованието, здравството, животната средина и др. Истот така флексибилноста во СНС1993 се реализира со помош на поновиот инструмент МОС. Таа ги уважува специфичностите на одделните земји, користи и други податоци покрај тие од СНС и на тој начин овозможува да се изврши подобра анализа на состојбата во економијата, како и да се анализира и моделира економскиот раст во иднината.
  2. СНС како рамка за усогласување на националната статистика – една пд задачите и улогите на СНС1993 е да помогне во напорите за хармонизација на економската и другата статистика во одделни земји. За да се оствари таа улога најпрвин потребно е секој СНС на одделните земји да придонесува за внатрешна усогласеност на одделните статистики. Во таа смисла посебно треба да се усогласува статистика на платниот биланс, на даноците, финансиската статистика и др статистики со СНС. Тоа ќе се постигне ако постојат исти или слични поими, дефиниции, класификации и сл. Голема заслуга за усогласувањето на статистиката има ММФ. Ова посебно важи за статистиката на платниот биланс и финансиската статистика. Имено достигнувањата што ги прави ММФ постојано се вградуваат во СНС. Тука може да се спомене и придонесот на други меѓународни организации како Меѓународната организација на трудот.
  3. Микро и макро поврзаност – за поголема ефикасност на употребата на податоците од СНС потребно е да бидат усогласени податоци кои се однесуваат на мирко и на макро големини. Тоа усогласување се постигнува и со фактот што податоците на сметките на претпријатијата се користат како еден од најголемите извори на податоци. Меѓутоа при подготовките на СНС секогаш не можеме да се потпреме на податоците што постојат во претпријатијата. При составувањето на податоците претпријатијата си имаат предвид пред сѐ сопствени цели и интереси, а се занемаруваат некои цели и интереси на националната економија. При пресметките на амортизацијата, пресметките и плаќањето на данокот, присутни се одредени прикривања и евазии. Поради тоа во подготовките на националните сметки и податоци од други извори, а понекогаш да се применува и методот на проценка.
  4. Комплементарни анализи – покрај препорачаните главни сметки во СНС со кои што се изразуват и следат одредени аспекти на економската активност се препорачува да се прават и други согледувања на економската активност и тоа за вработеноста и невработеноста, регионалниот развој, животната средина итн. Последниве се комплементарни анализи поради тоа што ја докомплетираат претставата за економската активност која што е добиена од СНС.
  5. Сателитски (придружни) сметки – ова е посебна група на сметки кои што се подготвуваат заради добивање на дополнителни сознанија за некои настани. Најмногу се користат заради согледување на некои аспекти на образованието, социјалната заштита, здравството, ИР и др. Во поглед на присуството на сателитски сметки во одделните земји може да се констатира вистинско шаренило.

5. Макроекономски агрегати[уреди]

5.1 Производството и неговите основни агрегати[уреди]

5.1.1 Концепции на производството (фотокопија 7)[уреди]

5.1.2 Валоризација на производството[уреди]

Под поимот валоризација на производство се подразбира пресметување на големината на вкупното производство или на негови делови во вредносен износ и со помош на цените на одделните производи.

Потребата од валоризација на производството произлегува оттаму што производството се состои од голем број на добра и услуги кои имаат различни физички мерки, затоа тие не може механички да се собираат за да се дојде до големината на производството во текот на една календарска година. За да се изврши валоризацијата на производството, потребно е да се знаат количните на добрата и услугите и нивните цени. Со множење на едните со другите се добива вкупниот износ на производството во една земја.

При валоризацијата на производството треба да се респектира разликата меѓу доашното и националното производство како и да се внимава дали тоа се изразува во бруто или нето износ. Разликата меѓу овие две е (не)вклучувањето на потрошениот фиксен капитал т.е. амортизацијата.

Треба да се истакне дека проблемот на цените е еден од покомплексните проблеми во СНС. Тоа произлегува од таму што се користат различни цени при валоризација на производствота на одделни групи на добра и услуги.

Во СНС1993 се зборува за две главни цени пореку кои се изразува вреноста на производството: основа цена и цена на призводителот.

Под основна цена се подразбира износот кој го добива производителот од купувачот за единица произведено добро или услуга минус (-) било кој доспеан данок, плус (+) било која субвенција што е дадена за одреден производ. Притоа исклучени се транспортните трошоци и нив производителот ги фактурира посебно.

Под цена на производителот се подразбира износот кој го добива производителот од купувачот за единица добро или услуга, без фактурирана вредност на ДДВ или некој сличен данок, кој може да се одбие и посебно да се фактурира. И овде не се вклучени транспортните трошоци. Со други зборови, цената на производителот ја содржи основната цена и на неа се додаваат нето даноците. Овде некои разликуваат две подгрупи во зависност од тоа дали е вклучен ДДВ или не.

Покрај двете споменати цени, во СНС се применуваат и други цени како: Набавната цена е онаа која ја плаќа потрошувачот без ДДВ или тоа е цената на производителот плус (+) транспротните трошоци. Таа најмногу се користи кај меѓуфазната и финалната потрошувачка.

Пазарната цена е поширок поим и ги опфаќа сите трошоци и расходи за единица произведено добро или услуга на местото на испораката. Според тоа таа се состои од три елементи:

  1. основната цена на производството;
  2. транспортните трошоци и трошоците на испораката од производство до потрошувачка;
  3. сите даноци на производи (посредни даноци) намалени (-) за субвенциите.

Пазарната цена најчесто се користи при пресметката на производството кај инвестициите кај финалната потрошувачка.

Покрај споменатите цени, во СНС се употребува и цената на чинење на факторите на производството. Таа е всушност против-вредноста која производителот ја добива за продадените добра и услуги.

Постои тесна врска меѓу цената на чинење на факторите на производството и пазарната цена. Врз основа на таа поврзаност доколку е позната едната цена, може да се пресмета другат. Разликата мегу цената на чинење на факторите на производството и пазарната цена се состои во посредните даноци и субвенциите. Ако е позната пазарната цена од неа може да се пресмета цената на чинење на факторите на производствот ако од неа се одземат посредните даноци, а се додадат субвенциите – и обратно.

Пример, ако пазарната цена е 100 парични единици, а посредните даноци 20 ПЕ и субвенциите 10 ПЕ, тогаш цената на чинење на факторите на производството може лесно да се пресмета И таа изнесува 90 ПЕ, односно:

Пазарна цена 100

- посредни даноци 20

+ субвенции 10

цена на чинење на факторите на производството90

Ако е позната цената на чинење на факторите на производството и ако се познати посредните даноци и субвенциите, тогаш може да се пресмета пазарната цена. Ако ги земеме претходните податоци, ќе ја имаме следната состојба :

цена на чинење на факторите на производство 90

+ посредни даноци20

- субвенциите10

пазарна цена100

За да се добие големината на производството треба да се имаат предвид големините на разните видови на производство. Нив ќе ги разгледаме подолу.

Валоризација на пазарното производство

Вредноста на пазарното производство се состои од следниве елементи:

  1. Вредност на продадени стоки и услуги;
  2. Вредност на добра и услуги разменети врз основа на принципот на трампа;
  3. Вредност на добра и услуги кои се плаќаат во натура;
  4. Вредност на добра и услуги во рамките на едно претпријатие кои служат за меѓуфазна потрошувачка;
  5. Вредност на промени кај залихите на готови производи и недовршено производство.

За СНС карактеристично е што валоризацијата, т.е. пресметката на вредноста се врши кога нешто е произведено или пак кога е направена некоја услуга. Поради тоа кај производство кое трае повеќе години се јавува категорија недовршено производство и тоа се регистрира во секој одделен период. Предвид се земаат и промените кај залихите поради тоа што може да се случи во тековната пресметковна година да се користат залихи од друг пресметковна година. Исто така може да се случи дел од производството од тековната година да не се продаде и да остане како залиха која би се продавала или трошела во некоја идна пресметковна година. Проблемот се разрешува на тој начин што се зема салдото на залихите.


Валоризација на недовршено производство

Како што рековме овој вид на производство се јавува кога производството на некој производ трае повеќе од 1 година. Затоа при утврдување на големината на производството за одредена година, недовршеното производство се пренесува како почетна ставка во билансот на состојбата во наредниот пресметковен период. Валоризацијата на недовршеното производство е отежната посебно во услови на постоење на висока инфлација во одредена земја. Поради тоа во документот СНС1993 се даваат препораки како да се валоризира производството во услови на висока инфлација. Таа одредба можеби не е актуелна за одредени земји, но во светот постојат и земји кои имаат висока инфлација и таа препораки е корисна токму за нив.


Валоризација на непазарно производство

За непазарно се смета она производство кое е произведено за финална потрошувачка од страна на производителот и она кое се испорачува до други институционални единици било бесплатно, било по цени кои не ги покриваат трошоците. Според СНС1993 вредноста на непазарното производство се состои од следниве елементи:

  1. Вредност на добра и услуги произведени за сопствена финална потрошувачка или за сопствени бруто инвестициите.
  2. Вредност на добра и услуги кои се испорачуваат бесплатно или по пониски цени до другите институционални единици.
  3. Вредност на добра и услуги кое што еден погон во едно претпријатие му ги испорачува на друг погон во истото претпријатие.
  4. Вредност на промени кај залихите кои ќе бидат употребени за претходно наведените намени.

Непазарното производство се валоризира по цената на чинење.


Валоризација на меѓуфазното производство

Меѓуфазното производство или како што уште се нарекува меѓуфазната потрошувачка се валоризира според цени кои важеле во моментот кога одредено добро се употребува во производството. И тука како во другите случаи проблемот на валоризација се усложнува во случај кога постои висока инфлација. За разрешување т.е. ублажување на проблемот во документот СНС1993 се дадени препораки. При тоа се истакнува дека проблемот на високата инфлација може да се разрешува со непрекинато регистрирање на производство како недовршено производство. На крајот на процесот на производството, порано регистрираното недовршено производство се повлекува од залихи според цени што преовладуваат во тоа време. Основно правило е регистрирањето на производството и залихите да се врши со помош на перманентна инвентаризација.


Валоризација на натурално производство

И кај валоризацијата на ова производство постојат одредени проблеми. Тие се поизострени во помалку развиените земји поради тоа што таму е помал степенот на пазарност на економијата. Инаку валоризацијата на натуралното производство се врши по малопродажни цени.


Валоризација на трудот на домаќинките

Поради постоење на објективни тешкотии во валоризирањето на трудот на домаќинките, резултатот од тој труд не се вклучува во БДП. Тука станува збор за многу разновидни активности кои што се извршуваат од домаќинки што не се плаќаат, но и од посебно ангажирани лица со плата. Во вториот случај резлутатите од трудот извршени во одредените домаќинствата се вклучуваат во националните сметки, т.е. се земаат предвид при пресметувањето на БДП. Во однос на валоризацијата на трудот на домаќинствата се јавуваат и чудни случаи. Пример една иста работа може да се изврши во угостителско претпријатие или во домаќинство. Во првиот случај резултатот од трудот се вклучува во БДП. Во вториот случај може да има и поквалитетен производ, но тој не се вклучува во БДП. Понатаму може одредена работа да се земе предвид во пресметувањето на БДП, а по одредена промена да не се зема предвид. Така ако некој се ожени со куќната помошничка, тогаш пред бракот нејзиниот труд влегувал во БДП (има плата), а потоа не.


5.1.2 .1 Валоризација на производството во некои стопански дејности[уреди]

Производство во земјоделство, шумарство и рибарство

Карактер на производство во овие дејности имаат само оние активности во кои учествува човечки труд. На пример порастот на количните на риби во меѓународните води нема карактер на производство, додека одгледувањето на риби во рибници се смета за производство. Во овие дејности постојано уште повеќе потешкотии за валоризација на производството, кои произлегуваат главно од таму што производството трае со месеци, е некогаш и со години, но и од разноликоста на производството. Поради тоа СНС1993 препорачува различни цени за одделни активности во споменатите дејности.

Земјоделското производство кое се реализира преку пазар се валоризира по откупни цени, а не цени на големо или мало. Разликата меѓу откупните и малопродажните цени се регистрира во трговијата, транспортот и сл. Проблем претставуваат селските пазари – ако дотурот и самата продажба на стоката ја извршува оној кој ја произвел, тогаш валоризација се врши по продажни цени. Исто така проблем претставува валоризацијата на неземјоделските дејности во рамките на земјоделските домаќинства, како што се градежните дејности, превозот, експлотацијата на шуми и др. активности и други дејности со карактер на натурално стопанство. Во принцип валоризацијата на овие активности би требало да се изврши по цени кои важат за истите кои се извршуваат како пазарни трансакции, но поради тоа што и тука постојат голем број на тешкотии, овие активности не се земаат предвид во пресметката на БДП. Поради тоа, а и поради занемарувањрто на други активности во земјоделството, земјоделското производство е подценето, односно е изразено во помал обем во споредба со неговиот реален обем, но и во споредба со други земји каде учеството на земјоделството во БДП е помало.


Сообраќај и складирање

Производството во областа на сообраќајот се мери со приходите кои се добиваат од превоз на добра и лица. Кај складирањето големината на производството се мери во зависност од времето на складирање, користениот простор, условите и сл.


Производство во трговија на големо и мало

Бруто вредноста на производството во трговијата се сведува на разлика меѓу продажната и набавната вредност на трговската стока, а тоа е всушност бруто маржа во трговијата.


Производство на финансиски посредници

Тука во основа спаѓаат банкарските организации, осигурителните друштва, поштенските штедилници и сл. Во СНС се смета дека овој вид на производство најтешко се валоризира. За совладувањето на проблемите предвидени се повеќе постапки, а за нивна реализација потребни се специјалистички знаења.

Накратко кажано бруто вредноста на банкарското производство е еднаква на збирот на приходите на банката добиени од вршење на банкарските услуги и пресметаната вредност на инпутираните банкарски услуги кои се добиени како разлика меѓу примена и платена камата. Кај осигурителните друштва бруто вредноста на производството се сведува на разлика на приходи за премии за осигурување и износот на надоместените штети.


Производство на државни и други непазарни/непрофитни институции

Бруто вредноста на производството кај овие институции се пресметува на индиректен начин т.е. со собирање на меѓуфазната потрошувачка, амортизацијата, средствата на вработените и даноците на производството.


Производство на дејноста истражување и развој

Дејноста истражување и развој може да се извршува во претпријатијата, во посебни институции и во рамките на секторот држава. Во трите случаи производство се валоризира различно. Во претпријатијата се валоризира зависно од направените трошоци. Во посебните институции се земаат предвид остварените приходи од реализираната дејност. Кај државата производството има непазарен карактер и се вреднува врз основа на остварени трошоци.


5.1.2 .2 Валоризација на нелегалното производство и сивата економија[уреди]

Еден од проблемите при валоризација на производството се разните облици на нелегалната економија, т.н. сива економија. Во основа постојат два вида на нелегално производство:

  1. производство на добра и услуги чие поседување и продажба е забрането со закон;
  2. производствени активности кои се дозволени со закон но стануваат нелегални кога ги остваруваат неовластени производители (пр. извршување на здравствена дејност од неовластени здравствена работници.)

Инаку, легалноста или нелегалноста на одредена дејност зависи од законите во една земја. Затоа може да се случи една дејност да биде легална во една, а нелегална во друга земја како што тоа знае да биде случај со проституцијата.

Прикривањето на извршувањето на одредени трансакции создава проблеми при составувањето на повеќе главни сметки. Инаку под поимот сива економија (или подземна економија, нелегална економија) може да се сретнат и такви активности за кои постојат одредени стандарди, но извршителите ја кријат дејноста од државата. Тука спаѓаат даночната евазија, неплаќањето на социјалните, здравствените и пензиските придонеси, непочитувањето на работното време, пријавувањето на пониски плати, избегнувањето на разни статистички процедури и сл. Овој вид на сива економија, т.е. непочитувањето на стандардите и правилата може да се јави во сите дејности во едно општество. Во практиката најмногу го има во градежништвото и малите претпријатија.

Поради тоа што не постои евиденција на сивата економија се практикуваат разновидни методи за оценување на нејзиниот обем. Тие проценки служат за еден дел од сивата економија да се вклучи во БДП.


Валоризацијата на производството се врши за да може на крај да се добие претстава за вкупната големина на оствареното производство во една земја и за неговата структура. Агрегатната големина со која се изразува вкупното производство се вика БДП или БНП. Денес во почеста употреба е БДП.

БДП може да биде номинален или реален. Разликата е во цените со чија помош се изразува неговата големина. Кај номиналниот се користат тековни цени остварени во тековната година за која и се пресметува БДП. Со номиналниот БДП се добива одредена претстава за големината и структурата на производството, но таа претстава не е секогаш реална и не ја одразува динамиката на производството. Тоа произлегува оттаму што порастот на производството во вредносен израз може да биде резултат и на промена на цените. За да се елиминира дејството на промените на цените врз големината на вредноста на производството се користи категоријата реален БДП. Наједноставно тој се добива со делење на номиналниот БДП со индексот на цените. Индексот на цените се нарекува дефлатор на БДП.

Дефлаторот претставува однос меѓу БДПн и БДПр изразен како индекс. Во својата суштина тој го покажува сегашното ниво на цени во однос на некоја базна големина.

Дефлаторот на БДП е однос меѓу номиналнио и реалниот помножен по 100. Ако БДПн = 117, а БДПр = 90, дефлаторот е 117/90 x 100 = 130. БДПр би бил 117/130 x 100 = 90 (ако се познати БДПн и дефлаторот), а БДПн би бил 90 x 130 / 100 = 117 (ако се познати БДПр и дефлаторот).

Реалниот БДП се пресметува за да може пореално да се утврди темпото на економскиот раст во една национална економија, како и достигнатиот степен на нејзината развиеност. Темпото на економски раст најчесто се утврдува со помош на годишната стапка на раст на БДП, но како апсолутна големина БДП не дава претстава за тоа како е распределен на поединци и каков е нивниот животен стандард.

Таква претстава може да се добие од индикаторот БДП per capita. Тој индикатор се добива кога вкупниот БДП ќе се подели со вкупниот број на население во една земја. Така пресметаниот индикатор овозможува да се согледаат како можностите за тековната потрошувачка, така и можностите за идниот економски развој на една земја. Покрај тоа овој индикатор може да се користи и при меѓународни компаративни истражувања.


(Следи фотокопија 8: Елиминирање на двојни пресметувања.)

5.1.3 Основни агрегати на производството и методи за нивно мерење[уреди]

Најглобално гледано основните агрегати кои што се користат во СНС можат да се поделат во три големи групи. Агрегати на производството, агрегати на потрошувачката и агрегати на доходот (или како што се нарекуваат агрегати на распределбата). Инаку самиот поим агрегати најчесто се означува како збирна големина. Собирањето може да се врши на различни нивоа, односно да се пресметуваат поглобални или помалку глобални големини. Во трите споменати групи на агрегати постојат повеќе индикатори. Тоа важи и за производството кај кое најголема агрегатна големина е бруто вредноста на производството. А потоа таа може да се расчленува, декомпонира на бројни други агрегатни големини. За производството е карактеристично тоа што не е можно да се соберат одделни производи според нивните физички квантитети за да се добие вкупниот износ на производството. Излезот се бара во користење на одредени цени зависно од природата на производите. Со други зборови количествата на одредените производи ги множиме со нивните цени, а резултатите се собираат за да се добие вкупната вредност на производството на една национална економија. На тој начин добиваме претстава и за големината што може да се распределува и троши.

Покрај споменатата најглобална, најагрегатна големина на производството постојат и други агрегатни големини како што се бруто и нето додадената вредност, БДП, БНП, бруто националниот доход, националниот доход, расположливиот бруто и нето национален доход, потрошениот фиксен капитал итн.

а) Бруто вредност на производството – тоа е всушност вкупната вредност на произведените добра и услуги создадени во текот на една година во една земја, независно до тоа дали се продадени или некои од нив останале како залихи. Најглобално гледано БВП се состои од меѓуфазна потрошувачка и додадена вредност. За меѓуфазната потрошувачка карактеристично е тоа што таа може да се засметува по неколку пати зависно од фазите на производството на одреден производ. За неа повеќе ќе зборуваме кај агрегатната потрошувачка. Додадената вредност се јавува како бруто и нето вредност. БДВ претставува разлика меѓу БВП по пазарни цени и МФП. Таа може да се изрази во основни цени, во цени на производителот и во цени на чинење на факторите на производството. НДВ се добива на тој начин што од БДВ се одзема амортизацијата (потрошениот фиксен капитал).

б) Една од најупотребуваните агрегатни големини во СНС е БДП. Под таа категорија најчесто се подразбира „мерката на пазарната вредност на сите финални добра и услуги произведени во една земја во даден период по правило една година“ - Грегори Менки.

Во оваа дефиниција содржани се следниве елементи:

  • производството се изразува вредносно поради тоа што не може да се изрази со собирање на количествата на различните добра и услуги;
  • во БДП се вклучени сите добра и услуги кои се произведени и продадени легално во рамките на една национална економија. Според тоа во него не се вклучени незаконските добра и услуги;
  • БДП се пресметува врз основа на пошироката концепција на производството;
  • Во БДП предвид се земаат само финалните добра и услуги. Исклучени се меѓуфазните добра и услуги;
  • Земени се предвид само произведените добра и услуги во пресметковната година;
  • При пресметувањето на БДП предвид се земаат само добрата и услугите кои се проиведуваат во една национална економија;
  • БДП најчесто се пресметува за една година, иако има и земји во кои се пресметува тримесечно. Покрај тоа има и случаи кога БДП се искажува за група земји (ЕУ).

Агрегатната големина БДП може да се пресмета по пазарни цени и по цени на чинење на факторите на производството. До неговата големина може да се дојде на три начини:

  1. Со собирање на БДВ кај сите производствени резидентни единици;
  2. Со собирање на сите доходи остварени во тековната година + даноци на производи – субвенции;
  3. Со собирање на вредноста на добрата и услугите за финална потрошувачка со исклучок на вредноста на увезените добра и услуги.

в) БНП – со оваа големина се мери вкупниот доход кој што го остваруваат резидентите не зависно од територијата каде го остваруваат одредениот доход. По својата природа БНП = БДП + нето доход од имот во странство. Понекогаш БНП се нарекува и како доход од имот. Таа категорија ги има речиси истите елементи како и БДП. Разликата во двете големини се состои во тоа што кај БДП предвид се зема производство кое е остварено во една национална економија независно дали е од домашни или странски институционални единици. Во вториот случај кај БНП се зема предвид вкупното остварено производство од домашни резиденти како во рамките на една национална економија, така и надвор од неа. Пример: ако канаѓанец работи во САД неговиот производ оди во БДП на САД, а во БНП на Канада.

Статистичките податоци за одделните земји покажуваат дека нема голем разлики во големината на БДП и БНП во поголемиот број на земји во светот. Како поголем исклучок во две можни насоки можат да се наведат случаите на Ирска и Кувајт. Во Ирска БНП < БДП (има полно странски инвестиции), а во Кувајт БНП > БДП (има инвестиции во странство и прилив од остварени приходи).

Исто така и БНП може да се пресмета по пазарни цени и по цени на фактори на производство.

г) Национален доход – ја претставува чистата (новосоздадената) вредност на производството мерена со збирот на доходите кои потекнуваат од одделните фактори на производството во одделна земја. Покрај тоа НД може да се добие и како збир на основни доходи на сите институционални сектори во една земја. Тој може да се појави како БНД и како таков е еднаков на БНП, и како бруто расположлив НД.

Последнава големина се добива кога од БНД (БНП) по пазрни цени ќе се одземат тековните трансфери платени на нерезидентни единици, а ќе се додадат соодветни трансфери кои се добиваат од странство. Таа големина ги дава можностите за финална потрошувачка и за бруто штедење. Кога од БРНД ќе се одземе износот на потрошениот фиксен капитал се добива големината на нето расположлив НД.

д) Потрошен фиксен капитал (амортизација) – со оваа големина се изразува намалувањето на постојниот фиксен капитал во одреден период поради три причини: трошење, застареност и случајни штети.

ѓ) Други агрегати – во областа на производството се користат и други агрегати како штедење, инвестиции, потрошувачка, извоз, увоз итн. Но тие се покарактеристични за некои други области (распределба, потрошувачка), па поради тоа ќе бидат предмет на разгледување подоцна.


Постојат повеќе методи за пресметување на агрегатите на производството, но во практиката и за СНС се користат следниве три: производствен, приходен и расходен метод. (Следи фотокопија 9.)

5.1.4 Основни агрегати на распределбата[уреди]

Распределбата е една од фазите на економскиот процес или економската активност. Во фазата на распределбата постојат неколку подфази кои што различно се именуваат. Така има примарна распределба – тоа е онаа која се остварува на пазарот во зависност од постигната продуктивност на трудот. Покрај неа постои и прераспределба на доходот која што во основа се остварува меѓу државата и другите инститционални единици. Најчесто таа се остварува со помош на даноци, царини, субвенции, премии и разни облици на трансфери. На крај доаѓа распределбата на доходот во рамките на одделните институционални единици. Трите споменати распределби се сретнуваат и под називите примарна, секундарна и интерна распределба.

Помеѓу распределбата и производството постои одредена поврзаност и меѓузависност. Тие се засновуваат пред се на фактот што може да се распределува само нешто што е произведено. Тоа значи дека распределбата зависи од производството, но од друга страна и самата распределба има значајно влијание врз производството. Тоа произлегува од таму што ако целиот доход се потроши, т.е. ништо не се остави за производство во иднина, тогаш ќе нема услови за производство, а со тоа и за подоцнежна распределба на доходот.

Според една поделба распределбата се дели на:

  • распределба на доход за потребите на личната потрошувачка.
  • распределба на доход за потребите на производствената потрошувачка.

Со распределбата на доходот треба да се одреди еден дел кој ќе служи за замена на истрошените средства за производство. Потоа да се одвои дел за финална потрошувачка. И на крај ако нешто остане да се оддели дел за проширување на производството т.е. за инвестиции.

Во СНС се користат повеќе агрегатни големини од областа на распределбата: БДП, БНП, НД, бруто и нето национално штедење, бруо и нето расположлив НД, расположлив НД, надоместоци на вработените, разни доходи на сопственост, трансфери, субвенции, нето деловен вишок итн. За дел од овие зборувавме при објаснувањето на агрегатните големини на производството. Сега ќе се задржиме на новите.

а) бруто и нето национално штедење – БНШ е збир на бруто штедењето на сите сектори, т.е. е разлика меѓу тековните приходи и тековните расходи на одделните сектори. ННШ = БНШ – амортизација.

б) бруто и нето инвестиции – во оваа големина спаѓаат бруто инвестициите во фиксен капитал и порастот на залихите. Тие две категории се покарактеристични за потрошувачката па затоа за нив ќе зборуваме таму.

в) надоместоци за вработените – оваа агрегатна големина го опфаќа износот на она што им се исплаќа на работниците за извршената работа во текот на пресметковниот период. Не е битно дали исплатата е во пари или во натура, што значи и двете ставки влегуваат во оваа агрегатна големина.

г) доходи од сопственост – по својот состав оваа агрегатна големина е разнородна. Во неа спаѓаат каматите, дивидендите, доходите од полиси за осигурување и др.

д) даноци на доход – во оваа група спаѓаат даноци на разни доходи, на профити и на капитални добивки.

ѓ) трансфери – за оваа агрегатна големина карактеристично е што ги опфаќа плаќањата што ги извршува државата без да се бара контра надоместок – тоа се еднострани плаќања. Во нив спаѓаат пензиите, надоместоците за невработените, субвенциите на фирмите и др. Во СНС1993 се споменати три групи на тековни трансфери и тоа:

  1. тековни даноци на доход, богатсво и сл.;
  2. општествени придонеси и помош;
  3. други тековни трансфери.

Покрај трите споменати постојат и капитални трансфери. Тоа се оние со кои сопственоста на даден имот се пренесува или пак една од странките е обврзана да набави или расходува одреден имот.

е) субвенции – тие се одреден вид на трансфери наменети за производствениот процес. Ги исплатува државата на одредени институционални единици од областа на производството како еден вид на компензација за претрпена деловна штета предизвикана од мерките на економската политика. Тие се делат на субвенции за производи и субвенции за производство.

ж) нето деловен вишок – се состои од додадената вредност намалена за износот на нето индиректните даноци, надоместоците за вработените и амортизацијата.


5.1.5 Основни агрегати на потрошувачката[уреди]

Потрошувачката е цел на производството и затоа постои и меѓузависност меѓу нив две – може да се троши само она што е произведено. Потрошувачот не го определува само обемот на потрошувачката туку и нејзината структура. Покрај тоа производството може да предизвика и нови потреби, и со тоа и трошење на нови производи. Од друга страна потрошувачката има повратно влијание врз производството – може да го стимулира или дестимулира.

И во сферата на потрошувачката се користат повеќе агрегатни големини. Како основни се сметаат следниве:

  • приватната или личната потрошувачка;
  • општата владина потрошувачка;
  • бруто инвестициите;
  • салдото на извозот и увозот на добрата и услугите.

Тоа е онаа позната равенка на макроекономската рамнотежа гледана од аспект на потрошувачката:

Y = C + I + G + (X – M)

Покрај овие големини за потрошувачката се релеванти и други големини за кои зборувавме претходно. Овде ќе ги разгледаме одделните видови на потрошувачка.

а) финална потрошувачка – таа ги претставува расходите на личната и општата (колективната) потрошувачка. Таа се разгледува во различни контексти, но најчесто како расходи за потрошувачка на добра и услуги, како набавка на добра и услуги за потрошувачка, како употреба на потрошни добра и услуги. Во СНС најчесто потрошувачката на добра и услуги се дефинира како расходи за набавка на добра и услуги за употреба во домаќинствата заради задоволување на нивните потреби во одреден период, по правило 1 година, но во некои земји постои и тримесечно следење на потрошувачката (а и на производството и расределбата).

Значаен дел на финалната потрошувачка е личната потрошувачка на домаќинствата. Таа се сретнува и под називот индивидуална потрошувачка на резидентни домаќинства. Расходите за финалната потрошувачка кај домаќинствата ги опфаќаат расходите за потрошни добра (храна) и расходите за трајни потрошни добра (бела техника).

Во рамките на финалната потрошувачка спаѓаат и добиените надоместоци во форма на натура. Во финалната потрошувачка не спаѓаат становите и куќите – тие имаат карактер на капитални добра.

Во рамките на СНС постои посебна класификација на расходите за потрошувачката на домаќинствата или на личната потрошувачка според намената. Таа е позната под името COICOP и содржи 10 точки.

б) општа потрошувачка – во неа спаѓаат разни купувања на добра и услуги од страна на владата и во не се вклучени и расходите за плати на администрацијата. Од друга страна, тука не се опфатени трансферините плаќања, бидејќи тие претставуваат прераспределба на доходот. И во оваа агрегатна големина се прават класификации. Најпозната е функционалната класификација содржана во документот СНС1993 каде општата потрошувачка е прикажана во 14 ставки.

в) во агрегати на потрошувачката спаѓаат и неколкуте агрегатни големини од доменот на инвестициите. Тука пред сѐ спаѓаат бруто инвестициите во кои спаѓаат инвестициите во фиксен капитал и порастот на залихите. Често пати кај нив се додаваат и промените кај скапоценостите.

г) увоз и извоз – во СНС1993 се дадени прецизни дефиниции за увозот, извозот и нивнот меѓусебно салдо. Салдото се додава или одзема од БДП и на тој начин се добива БНП. Кога се зборува за увоз или извоз треба да се споменат и агрегатните големини нето позајмување и нето задолжување во странство.

6. Главни видови на сметки[уреди]

Во СНС постојат бројни сметки кои се однесуваат на националната економија, на оддели нејзини сегменти (дејности, гранки), институционални сектори и институционални единици. Поради тоа во документот СНС1993 посебно значење се дава на неколку основни групи на сметки:

1. Сметки на тековни трансакции

  • сметка на производство;
  • сметка на доход;
  1. Сметки на акумулацијата
  • сметка на капиталот;
  • финансиска сметка;
  • сметка на други промени на имотот;
  1. Биланси на состојбите на имотот
  2. Сметки на секторот странство

Заедничка карактеристика на првата група е што се регистрираат трансакции од доменот на производството на стоки и услуги, како и расределбата и употребата на доходот.

Во рамките на втората група се регистрираат трансакции кои се поврзани со набавка и продажба на нефинансиски имот, капитални трансфери и други трансакции во врска со стекнување на финансиски имот и обврски.

Во третата група се регистрира состојбата на имотот на почетокот од пресметковната година, промените во текот на годината и состојбата на крајот на годината. Значи постојат 3 биланси:

  • почетен биланс;
  • биланс на промени;
  • завршен биланс.

Во 4-тата група се регистрираат трансакции кои што настануваат меѓу резидентните единици и нерезидентните единици. Оваа проблематика се следи со статистиката на платниот биланс кој го води централната банка на една земја. Во документот СНС1993 се препорачува да се користат двата начини за регистрирање на овие односи, т.е. преку СНС и преку платниот биланс и тие да се усогласуваат. Оттука ако располагаме со податоци од едниот извор можеме многу лесно со прегрупирање на податоци да се добијат податоци од другиот субјект.

За сметките во СНС постојат некои општи правила од кои произлегуваат некои нивни заеднички карактеристики. На пример, едно од правилата т.е. карактеристиките е што имаат две страни: лева – употреба, и десна – извори. Бројот на сметките што отстапуваат од ова правило е мал. Пример сметката на стоки и услуги има обратни страни: лева – извори, десна – употреба, но нема некое конкретно објаснување зошто е ова вака. Наместо објаснување се вели дека тоа е така за таа да се разликува од другите сметки. Други заеднички карактеристики на одделните сметки е што содржат посебна ставка т.н. билансна ставка – ставка за израмнување. Всушност таа претставува разлика меѓу левата и десната страна. Со оваа ставка се затвара одредената сметка, а се отвара нова сметка. Тоа се остварува на тој начин што билансната ставка што е крајна во одредена сметка се пренесува како почента во друга. На тој начин се остварува поврзаност помеѓу одделните сметки, со што се добива слика на националната економија на една земја.

Покрај овие четири групи сметки има и други како: интегрирани економски сметки, инпут-аутпут табели, матрица на општествени сметки, сателитски сметки итн.


6.1 Сметка на стоки и услуги[уреди]

Оваа сметка не е вклучена во првото издание на документот СНС1993, но до неа е дојдено подоцна со цел да се пополни една празнина која што се однесува на поврзаноста на НС со И-А табелите. Таа сметка ја има следнава форма:


Извори Употреба
Производство

Даноци на производство и увоз

Субвенции на производство (-)

Увоз на стоки и услуги

МФП

Трошоци за ФП (лична, колективна)

БИ во фиксен капитал

Промени во залихи

Зголемување/намалување кај драгоцености

Извоз на стоки и услуги

Вкупно извори Вкупна потрошувачка

Како што се гледа од самата сметка на левата страна се прикажани вкупните извори и нивните поединечни ставки, а на десната вкупната и поединечната употреба т.е. потрошувачка и извозот. Исто така се гледа дека вкупните извори се еднакви на вкупната потрошувачка, па поради тоа во оваа сметка нема потреба од воведување на биланс ставка.

Како што веќе рековме задачата на оваа сметка е да изгради мост меѓу НС и И-А табелите. Со оглед на тоа дека во оваа сметка се зборува за „стоки“ за кај другите за „добра“, треба да го дефинираме поимот „стоки“. Во СНС под поимот стока се подразбира матријално или нематријално економско добро кое е наменето за пазар и притоа се продава по цени кои целосно ги покриваат трошоците на факторите на производство.

Иако сметката стоки и услуги со ставките што ги содржи дава слика за значајни аспекти на економската активност во една земја, таа има недостатоци. Таа не содржи податоци за некои значајни агрегатни големини од сферата на производството и неговата распределба и употреба. На пример од неа не можеме да видиме колкава е ДВ, штедењето и сл. кои се значајни агрегатни големини за изразување на резултатите од економската активност на една националната економија или на нејзини делови.


6.2 Сметка на производство[уреди]

Оваа сметка зазема едно од централните места во СНС. Тоа произлегува од значењето на производството за вкупната економска активност и посебно за употребата и распределбата на ДВ. При конституирањето на СНС во документот СНС1993 оваа сметка е првата во низата сметки во кои што се изразуваат резултатите на економската активност. Оваа сметка може да се подготвува за вкупната национална економија, но и за одделни сектори и подсектори. За оваа сметка карактеристично е и тоа што содржи билансна ставка која што потоа се пренесува во втората група сметки – сметки од областа на доходот. Како билансна ставка кај одделните ИС и ИЕ се јавува бруто ДВ.

Кај сметката производството на ниво на национална економија билансната ставка се нарекува БДП. Кога од БДП се одзема амортизацијата се добива нето ДВ. Таа големина на ниво на национална економија се нарекува нето домашно производство.

Сметката производството ја има следнава форма:


Употреба Извори
МФП

БДП

Потрошувачка на фиксен капитал

Производство

Даноци на производи

Субвенции на производи (-)

Нето домашен производ (БС)

Една од ставките која постои во оваа сметка е самото производство. Во СНС под поимот производство се подразбира активност која што користи труд, капитал, стоки и услуги како инпути за да се добијат одредени добра и услуги како аутпут. Самото производство се остварува во рамките на одделните ИЕ и ИС. Како такво тоа претставува процес, додека добиенито резултат, а тоа се одредени добра и услуги, претставува аутпут или резултат од процесот на производство.

Во СНС1993 производството е составено од следниве елементи:

  1. Производство на добра и услуги за други ИЕ, но и за онаа ИЕ која произведува;
  2. Производство на стоки и услуги кои што ги користи самиот производител било во форма на финална потрошувачка или како основно средство;
  3. Услуги на домаќинства извршени од вработени и платени лица.

Добрата и услугите можат да се користат на разни начини: за размена за други добра, како ФП или како МФП. Тие може да се користат или бесплатно или по одредени цени кои ги надоместуваат трошоците на производство.

Во СНС се зема производството кое што е остварено во пресметковен период, најчесто 1 година. Како што веќе рековме, во текот на годината може да се продава производство од претходната година, или дел од тековното да остане за во иднина. Поради тоа производството треба да се корегира со двата вида споменати залихи.

Глобално гледано во сметката производство содржани се 3 ставки:

- аутпут;

- МФП;

- потрошен фиксен капитал.

Третман на МФП има онаа потрошувачка на добра и услуги кои се користат како инпут во одредени ИЕ во одреден период. Добрата кои се употребуваат на тој начин се регистрираат по набавна цена. Треба да се истакне дека МФП иако служи за производство на одредено добро се исклучва од фиксниот капитал – тој се регистрира во посебна ставка: потрошен фиксен капитал. Оваа ставка на микро ниво се нарекува амортизација и претставува намалување на фиксниот капитал заради три причини: трошење, морална затареност, случајни штети.

Аутпутот во оваа сметка може да се јави во две подгрупи: пазарен и непазарен. За пазарниот карактеристично е што се вреднува по основни цени или цени на производителот. Во непазарниот аутпут спаѓаат оние добра и услуги кои се произведуваат за сопствени потреби, оние кои се даваат бесплатно и оние кои се продаваат по цени пониски од трошоците на производството. Најчесто непазарниот аутпут се вреднува по основни цени кои што важат за истите добра вклучени во пазарниот аутпут. Понекогаш, а тоа е случај за мали количини, тој може да се вреднува според трошоците за производство.

Од сметката производство се добива претстава за бруто и нето ДВ на производството. БДВ се добива кога од вредноста на производството се одзема МФП. А НДВ = БДФ – амортизација. Б и Н ДВ се сретнуваат и под името Б и Н домашен производ. Тие големини, посебно БДП, наоѓаат широка примена во економската анализа во поглед на утврдување на резултатите од економските активности, но и за други цели каде што посебно место имаат компаративните проучувања. Доколку станува збор за меѓународни споредби, БДП се искажува per capita.


6.3 Сметки на доходот[уреди]

Во рамките на оваа група на сметки спаѓаат голем број на сметки меѓу кои позначајни се следниве:

  • сметка на распределба или создавање;
  • сметка на прераспределба;
  • сметка на употреба.

За оваа група на сметки карактеристично е тоа што се поврзани со сметката производство, но и со сметките од доменот на акумулацијата, а посебно со онаа на капиталот. Поврзаноста со сметката производство се заснова на фактот што може да се формира и троши доход што претходно е произведен. Во СНС таа поврзаност се изразува преку билансната ставка нето домашно производство, која фигурира како последна во сметката производство, и таа се пренесува како прва ставка во групата сметки на доходот. Поврзаноста пак, меѓу сметките на доход и акумулацијата се изразува преку билансната ставка нето штедење која се јавува како последна во сметката употреба на доходот, а прва во сметката акумулација (која е сметка на капитал).

Сметка на создавање на доходот ја има следнава форма:


Употреба Извори
Надоместоци на вработените

Даноци на производство и увоз

Субвенции (-)

Нето деловен вишок

Нето мешан доход

Нето домашен производ (БС)

Сметката распределба на доход, т.е. распределба на примарен доход ја има следнава форма:


Употреба Извори
Доход од сопственост Надоместоци на вработените

Даноци на производство и увоз

Субвенции (-)

Нето деловен вишок

Нето мешан доход

Доход од сопственост

Национален доход (БС)

Во СНС во основа се разликуваат два вида на доход: основен доход и доход од сопственост. Првиот е т.н. примарен доход, а тоа е доход кој ИЕ го остваруваат на пазарот во зависност од постигнатите резултати во поглед на продуктивноста на трудот и во поглед на реализираните добра и услуги. Вториот се јавува како последица на позајмувањето на финансиски и матријални непроизводствени средства. Тука пред сѐ спаѓаат каматите, дивидентите, рентите и сл.

Една од позначајните ставки до двете до сега споменати сметки од областа на доходот се надоместоците на вработените лица. Во оваа ставка како што кажува и нејзиното име се вклучуваат надоместоците што работодавците им ги исплаќаат на вработените лица за нивното ангажирање во одреден временски период, најчесто 1 месец. Износот на надоместоците на вработените се состои до два дела:

  • исплата на плати, независно дали во пари ли натура;
  • придонеси за социјално осигурување кои работодавците ги плаќаат на нивните вработени.

Треба да се истакне дека некои од плаќањата кои ги прават работодавците не се вклучуваат во ставката надоместоци на вработените, затоа што тие исплати имаат карактер на МФП. Пример: службени патувања, превоз, работна облека, издатоци за спортски и рекреативни активност.

Како ставка во сметките на создавање и распределба на доходот се јавуваат и даноците на производство и увоз. Наместо термниот даноци на производство, често се користи и термниот директни даноци. Како даноци на увоз се третираат царините и други давачки кои се плаќаат кога одредено добро ја минува границата. Исто така посебен вид на данок, близок до данокот на увоз, е данокот на извоз, но тој не се употребува често за да не се покачува цената на извезените добра.

Друга ставка во сметките се субвенциите. Тука влегуваат износите кои државата им ги плаќа на производителите, а може и на извозниците и увозниците со цел да се компензираат некои настанати штети од водењето на некоја економска политика.

Вишокот на вредноста кој што во наведените сметки е деловен вишок претставува разлика меѓу БДП и збирот на надоместоците на вработените, потрошениот фиксен капитал и индиректните даноци намалени за субвенциите. И кај деловниот вишок можат да се јават категориите бруто и нето во зависност од тоа дали е вклучен износот на амортизацијата.

Како што веќе споменавме доходот од сопственост се јавува во форма на камати, дивиденди и ренти. Исто така во оваа категорија спаѓа и остварен доход врз основа на патенти, авторски права, концесии и сл. Тука исто спаѓа доходот од полиси за осигурување.

Сметката на прераспределбата на доходот (секундарна распределба) ја има следнава структура:


Употреба Извори
Тековни даноци на доход, богатсво и сл.

Придонеси и давачки за социјално осигурување

Социјални користи или примања

Други тековни трансфери

Национален доход (БС)

Тековни даноци на доход, богатсво и сл.

Придонеси и давачки за социјално осигурување

Социјални користи или примања

Други тековни трансфери

Расположлив доход (нето)

И овде се јавува една билансна ставка која е разлика меѓу левата и десната страна на табелата. Тоа е расположливиот доход кој што може д се јави во бруто или нето израз.

Тековните даноци ги опфаќаат даноците на остварен доход од страна на претпријатијата и домаќинствата, како и даноците кои се плаќаат на имот. Од оваа ставка се исклучени даноците на згради и земјиште кое се користи во процесот на производство. Примените тековни даноци се прикажани на десната страна кај секторот држава, а платените на левата страна кај секторот домаќинства, финансискиот и нефинансискиот сектор.

Придонесите и давачките за социјално осигурување се состојат од повеќе елементи како што се придонесите за социјално осигурување кои ги плаќаат работодавците или вработените, општествените трансфери во натура и разните социјални надоместоци кои не претставуваат општествени трансфери како надоместоци за боледување и невработеност.

Тековните трансфери се еден вид еднострани плаќања каде што нема надомест на противредност. Тие може да се реализираат во форма на пари или натура. Глобално гледано тие се јавуваат како тековни и капитални трансфери. Во оваа сметка предвид се земени само тековните трансфери. За нив, а и за придонесите и давачките за социјално осигурување, карактеристично е што се појавуваат и на двете страни од сметката. Имено тие еднаш се регистрираат како расход на страната на оној кој ги исплатува, а истовремено и како приход кај оној што ги прима.

Во другите тековни трансфери се вклучени оние кои ги нема претходно. Конечно и ставката расположлив доход која има третман на биланса ставка и која се пренесува во сметката употреба на расположлив доход и тоа од десна страна како прва ставка.


Сметката на употреба на расположливиот доход по својата содржина е наједноставна и најчесто има по една ставка на левата и на десната страна, плус билансна ставка. Но во некои земји со поразвиена статистика се вклучува и ставка „корекции за промена на акциите на домаќинствата во резервите на пензиските фондови“. Оваа сметка ја има следнава структура:


Употреба Извори
Расходи за финална потрошувачка

Корекции за промена на акциите на домаќинствата во резервите на пензиските фондови


Расположлив доход (нето)

Корекции

Штедење

Трошоците за финална потрошувачка се состојат од трошоци за лична и колективна потрошувачка. Со личната потрошувачка на стоки и услуги се задоволуваат потребите на резидентни домаќинства, додека со колективната се обезбедуваат разни услуги или за сите членови на општеството или за некои негови делови. Добрата и услугите што ја задоволуваат таа потрошувачка ги обезбедува државата и тие не може да се однесат на пазар за продажба.

Како што се гледа од структурата на сметката со штедењето како билансна ставка се затвара оваа сметка, а со тоа и групата сметки од распределбата. Истовремено таа служи и за поврзвување на сметките од областа на акумулацијата или поконкретно сметка на капиталот.


6.4 Сметка на капиталот[уреди]

Оваа сметка ги прикажува промените кои во одреден временски период настануваат кај нефинансискиот имот, кај обврските, и на крајот е содржана нето вредност кај резидентни единици. Таа ја има следнава структура:


Промени на имот (актива) Промена на обврски и нето вредност (пасива)
Бруто инвестиции во фиксен капитал

Потрошен фиксен капитал

Промени на залихи

Зголемување минус намалување кај драгоцености

Зголемување минус намалување кај непроизведен нефинансиски имот

Нето штедење

Примени капитални трансфери

Платени капитални трансфери

Промени во нето вредност на сопствениот имот поради штедење и капитални трансфери

Нето позајмување или нето задолжување (БС)

Со поголемиот дел од елементите на оваа сметка се запознавме при изучувањето на поимот и структурата на општественото богатсво, но заради ист настап при објаснувањето на сметките и овде во кратки црти ќе ги дефинираме главните елементни на оваа сметка. На десната страна се прикажани изворите на фондови за акумулација и тоа главно нето штедењето и капиталните трансфери. На левата страна се бележи употребата односно разните видови на инвестиции во нефинансиски имот.

Со бруто инвестиции во основни средства всушност се мерат промените кај одделните ИЕ, т.е. кај нивните матријални и нематријални средства. Ставката потрошувачка на фиксен капитал го означува трошењето на фиксни средства. Како против тежа на десната страна кај изворите се регистрира билансната ставка нето штедење која е преземана од сметката употреба на доходот.

Промените на залихите се однесуваат на промените на матријалите, производството во тек, готовите производи и трговските стоки. Драгоценостите се чуваат како залиха во вид на скапоцени камења и разни други уметнички предмети. Непроизведениот финансиски имот не е резултат на производството, туку е создаден од природата и со него се запознавме при определувањето на поимот и структурата на ОБ.

Билансната ставка штедење ги поврзува сметките од областа на доходот и акумулацијата. Капиталните трансфери се јавуваат како трансакции во пари или натура и кај нив има и пренесување на сопственост од една на друга ИЕ. Кај капиталните трансфери значајно е што се појавуваат поретко во однос на тековните трансфери, но кога ќе се јават се јавуваат во поголеми износи.

Оваа сметка има своја билансна ставка наречена нето позајмување (задолжување). Тоа е дел од расположливиот доход кој не е потрошен за финална потрошувачка и кој може да се употреби за набавка на нефинансиски средства. Значењето на сметката на капиталот се состои од тоа што не покажува кој дел од инвестициите се финасираат од извори од националната економја, а кој дел од извори од странство. За оваа сметка е карактеристично и тоа што е поврзана со група сметки од секторот странство и тоа со посебна подгрупа сметки за капиталот.