Што си лено гајлелија

Од Wikibooks

што си лено толку гајлелија

што си лено толку гајлелија,
гајлелија лено мераклија,
со главата лено преврзана,
дали мајќа лено ти е болна,
или браќа лено ти са болни,
или сестра лено ти умрела,
ниту мајка климе ми е болна,
шест месеци климе болна лежам,
ти не дојде климе да ме видиш,
ти не дојде климе да ме видиш,
понадица климе  да донесиш,
понадица климе жолта дуња,
дојду дојду лено на портата,
ме стретнаја лено твојте браќа ,
ми рекоја лено си оздравела,
моли бога лено и господа,
ставре да ми оди америка,
да работи ставре во фабрика,