Што се срамиш калеш Кирчо

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Што се срамиш калеш Кирчо
Мене да погледаш
Мене да погледаш лудо
Во црниве очи.
Не се срамам лично моме
Тебе да погледам
Тук се плашам лично Севде
Тебе да заљубам.
Кој те тебе лично моме
Сал еднаш догледнал
Љута рана лично Себде
На срце си ставил.
Земј мене калеш Кирчо
За млада невеста
Да не ставаш љута рана
На твоето срце.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни