Прејди на содржината

Корисник:Џоле Битола

Од Викикниги

Туѓината пуста да остане

Туѓината пуста да остане, Таја од либето ме раздели.

Таја од либето ме раздели, Што го љубев време три години. (2)

Сите печалбари си дојдоја, Само моето либе го нема.

Дење ноќе на порти го чекам, Само плачам и на него мислам. (2)

Ќе Ве прашам млади печалбари, Дали го видовте мојто либе.

Дали го видовте мојто либе, Од печалба дома да си иде. (2)

На трета година писмо прати, И ми пиши нема да се врати.

Не се враќа друга си заљубил, И за неа тој си се оженил. (2)