А) Остварувањето на националните права на Македонците од Пиринска Македонија на Париската мировна конференција

Од Wikibooks

а) Остварување на националните права на Македонците од Пиринска Македонија на Париската мировна конференција

Што се однесува до југословенско-бугарските државнопартиски односи и ставови по прашањето за националните права на македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија, суштествено е да се подвлече дека тие се од повеќе аспекти разновидни по својот карактер и еволуирале во одделни периоди.

Во ставовите на БРП(к) спрема националните права на македонскиот народ во периодот непосредно по Втората светска војна се забележува осетно еволуирање и во основа може да се согледаат три основни фази кои битно се разликуваат. Имено, првата фаза, која практично започна од 9 септември 1944 година, односно со доаѓањето на новата Отечествено-фронтовска власт, траеше до половината на 1945 година. Тоа е краток, но мошне значаен период на стабилизација на внатрешнополитичкиот систем на новата народна власт, создаден по ослободувањето од власта на фашистичка царска Бугарија. Во тој кус временски интервал беа очигледни напорите од бугарска страна за нормализација на односите со југословенските народи и Бугарија имаше правилен однос и спрема признавањето и постоењето на македонската нација. Еве што беше изјавено од бугарска страна: “Специјално во врска со создавањето на македонската слободна држава во границите на Федеративна Југославија, со што прави сериозен чекор кон остварување на идеалите на Македонците за слободна единствена Македонија, ние Ви даваме до знаење дека нашата Партија и нашиот народ (бугарската партија и народ - б.м.) најтопло ја поздравија новата македонска држава. Ние ќе работиме на нејзиното популаризирање меѓу населението од бугарскиот дел на Македонија, ќе работиме на будењето на македонската национална свест кај тоа население, користејќи го херојското минато и денешнината на македонскиот народ во неговата борба за ослободување...”.<Писмо на секретарот на ЦК на БКП Трајче Костов за генералниот секретар на ЦК на КПЈ Јосип Броз Тито од 2 ноември 1944 година - Државни Секретаријат за иностране послове - Београд. Документација о бугарским ставовима према Југославији од 1944 до 1969 године, Београд, 10 октобра 1969, с. 20.> Ова е содржано во писмотона секретарот на ЦК на БКП Трајче Костов испратено до генералниот секретар на ЦК на КПЈ Јосип Броз Тито на 2 ноември 1944 година.

За југословенската делегација на оваа конференција мошне суштествено беше прашањето за територијалните разграничувања со соседните земји. Таа се застапуваше за доследно спроведување на принципот на територијалните разграничувања врз база на етничкиот состав на населението. Тоа особено се однесуваше спрема југословенските соседи - Бугарија, Грција и Италија.<од Конференцијаа инсистираше што попродлабочено и подоследно разгледување на прашањето за територијалните разграничувања.>

Треба да се подвлече дека конкретно за Југославија на оваа конференција доминираа проблемите околу територијалните разграничувања во Грција и Бугарија, а особено со Италија и Австрија.

Што се однесува конкретно за Македонија, треба да се истакне дека прашањето на националните права на македонскиот народ на оваа Мировна конференција во Париз од 1946 година не беше третирано како одделен проблем, но тоа не треба да значи дека не беше и поставено и не се дискутираше по него, туку напротив, во врска со овој проблем беа водени опсежни и на места мошне остри дискусии меѓу претставниците на големите сили и југословенските, бугарските и грчките официјални претставници на оваа конференција - како директно најзаинтересирани за меѓусебните територијални разграничувања.<Истото, Proces verbaux officials N. 2. Rapport presente au Consail de Securite par la Commission d enquete. Vol. И, New York, p. 2-3.> Тоа фактички значеше дека на Македонија и на македонските национални права им се приоѓало не како на посебно национално право на македонскиот народ, туку во склопот на решавањето на меѓудржавните спорни проблеми меѓу балканските држави, што во основа беше погрешно од страна на големите сили и од самата конференција во целина. Притоа, како појдовна основа и централни прашања на разгледување беа прашањата поврзани со етнографските и политичко-територијалните разграничувања меѓу Грција, Југославија и Бугарија.

За југословенско-бугарските прашања на Париската мировна конференција битно е да се подвлече дека тие од повеќе аспекти се разновидни по својот карактер и суштина, а ние ќе ги извдвоиме позначајните и тоа. 1) прашањето за националните права на македонскиот народ од пиринскиот дел на Македонија како посебен национален проблем,<Во врска со југословенско-бугарските спорни прашања, основното што треба да се потцрта е дека сред највисоките официјални југословенски државнопартиски кругови, уште пред самата конференција, беше изградено цврсто становиште кое се состоеше во следниот: “Нашиот став за прашањето на границите на секторот помеѓу Федерална Македонија и Бугарија е поинаков. Тој се базира врз приципот на правото секој народ на својата земја слободно да живее и непречено да се развива. На крајот од војната што е водена за остварување на овој важен принцип, ние тоа право го бараме за нашиот македонски народ. Во Пиринска Македонија, која опфаќа 8.000 км2 живеат, по Нејскиот договор 187.167 Македонци. Исправката на границата меѓу Федерална Македонија и Бугарија би била најправилна ако би се припоила Пиринска Македонија кон Вардарска”.>

Ваквите ставови беа изнесени и на Париската мировна конференција од страна на југословенската делегација, но за жал бугарската официјална дипломатија, било поради својата кусогледост или намерно, го заобиколуваше и го премолчуваше ова прашање. Така, за илустрација, од позначајните дискусии ќе издвоиме некои фрагменти од излагањето на членот на југословенската делегација Моша Пијаде: “Меѓу конфликтите што ги спротивставуваа балканските народи, основниот конфликт всушност беше неслогата меѓу Југославија и Бугарија во врска со македонското прашање. Југославија му го призна на македонскиот народ правото на независен национален живот. Во склопот на југословенските граници македонскиот народ, како член на југословенската федерација, може да ја креира својата Народна Република, која ќе го усвои на есен (се мисли на Уставот на НР Македонија од 1946 година - б.м.) својот демократски устав”.<Direction... Recueil... Livre VII, п. 209. Projet de Traite de Paix avec la Bulgarie - ...Dans les conflits qui opposrrem les peuples balkaniques les una au autros, le conflit fondamental etait en realite une dissension entre la Yougoslavie et la Bulgarie au sujet de la question macedonienne. La Yougoslavie a reconnu au peuple macedonien le droit a une vie nationale independente. C'est dans le Cadre des frontiere yougoslave et comme membre de Federation yougoslave que le peuple macedonien a pu creer sa Republique populaire qui recevra des l'automne sa Constitution”.>

Треба да се истакне дека, и покрај тоа што и на оваа конференција не беше разрешен проблемот со националните права на македонскиот народ во Пиринска Македонија, како и на другите национални малцинства во Бугарија, сепак е направен чекор напред со донесениот член 2 на Секцијата 1 за политички прашања. Со овој член Бугарија е обврзана од страна на Конференцијата да преземе соодветни мерки, според кои им се гарантираат на сите граѓани основните човечки права, слободата на изразување во печатот, на мислењето, во здружувањето, и други права без оглед на расна, верска, јазична и полова припадност.<Истото, Livre VIII, Partie II, Clauses politique. Section, p. 497.>

Во врска со прашањето за репарациите што требаше Бугарија да им ги надомести на Југославија и Грција, големите сили, а особено оние од западниот капиталистички свет, беа мошне ригорозни при утврдувањето на критериумите за висината на обештетувањето. Така, според член 20 и некои новомодифицирани членови од проект-мировниот договор со Бугарија, усвоен од мнозинството на Конференцијата, таа требаше да им исплати на име репарации на Југославија и на Грција 125 милиони американски долари, од кои половината на Југославија во рок од шест години.<Истото.> Покрај тоа, на оваа конференција беа усвоени предлозите според кои беше извршено ограничување, односно смалување на постојните бугарски воени сили и вооружување и тоа во воената авијација, поморството и копнената војска. Овие ставови беа прецизирани со член 9 од воените клаузули.<> Фактот дека Бугарија требало да ги плати репарациите, иако не во тој обем, непобитен бил така што дури ни бугарскиот претставник на Конференцијата Стефанов не ја негираше реалноста дека фашистичка Бугарија извршила политичко-воена агресија на туѓи територии на бугарскаа држава, меѓу кои пред се' на голем дел од Македонија, ниту пак се спротивставуваше на обврската Бугарија да ги надомести направентие штети од нејзина страна на име на репарациите.< Direction... Recueil... Livre VIII. Texte I. Articles nouveaux et modifications aux articles du Projet de Traite de Paix avec la Bulgarie adoptes a une majorite egale au superieure au deux tiers. ARTICLE 21 paragraphe 2... Si dans des cas particuliers, il est impossible a la Bulgarie d'effectuer la restitution d'objet presentant un interet artistique, historique, ou archeologique et qui font partie du patrimoineculturel de la Nation Unie du teritorie de laquelle ces object ont ete enleves et les autorites bulgares ou par les ressotissants bulgares usant de la force ou de la contrainte...(p. 389). >

Слични санкции против Бугарија беа преземени на Конференцијата и во поглед на однесените во Бугарија археолошки, историски и други уметнички вредности, според кои таа беше задолжена да им ги врати на земјите сопственички.<Истото. Ministeru des Affaires etrangeres notes des document (N. 798). Traite de la collaboration et d'Assistance Mutuelle entre la Bulgarie et la Yoguslavie (27 novembre 1947 (p. 3-6).>

Ваквата толерантна политика на југословенската влада спрема Бугарија на Париската мировна конференција претставуваше еден од предусловите кои, во извесна смисла, влијаеја да се развијат во позитивна насока односите меѓу двете земји по Конференцијата, иако тие постоеја и по 9-ти септември 1944 година.