Кога војници тргнавме

Од Wikibooks

Кога војници тргнавме е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Кога војници тргнавме
за таа пуста планина
оставивме мајки, татковци
жени со машки дечиња.
Рефрен:
Леле војната мамо, војната
војната тригодишната
мамо војната
војната тригодишната.
Марике, дилбер Марике
тебе ми те жална оставам
тебе ми те жална оставам
жална од осум месеци.
Рефрен
Марике либе, Марике
ако ти е машка рожбата
ако ти е машка рожбата
на мојто име да крстиш
војната е силна, ужасна
може јас млад да загинам.
Леле војувам мамо, војувам
војувам не ќе се вратам
мамо војувам
не ќе се вратам.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни