Кандисал Ајрудин паша

Од Wikibooks

Кандисал Ајрудин паша е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Кандисал Ајрудин паша, аман
кандисал карши Галичник
наличил силни топови,аман
да ми го горит Галичник
Галичник село големо, аман
Стамбол на ѓузум пишано.
Извадил гузлум дулбија, аман
здогледал чешма упија
на чешмата до две девојки, аман
и една млада невеста.
Девојки платно белеа, аман
невеста вода носеше.
Излегол Тодор Попоски, аман
со кеаните по него
јагне сугаре носеа, аман
сељам на паша чинеет
да не го горит Галичник, аман
Галичник село големо.
Жалба му падна на срце, аман
дигна си силни топови.

Надворешни врски[уреди]

Pesna.org