Засвирил Стојан

Од Wikibooks

Текст[уреди]

Засвирил Стојан, посвирел,
Со шарен кавал, леле, на село. [2х]
Почула Стојна Попова
Метејќи рамни, леле, дворови. [2х]
Фати ја мајко, метлава,
Да видам, мајко, кој свири.
Со шарен кавал, леле, на село.
Ако е лудо неженето,
Чекај ме мајко, леле, година,
Со младо момче, леле, на коња.
Со младо момче на коња,
Со машко дете на раце.

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика