Билбил пее во планина

Од Wikibooks

Билбил пее во планина е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Билбил пее во планина
Билбил пее во планина
моме седи во градина
Билбил моме наговара
ајде моме да пееме.
Ако мене ти натпееш
ќе ти дадам планината
ќе ти дадам планината
со се гранки, сосе буки.
Ако тебе јас натпеам
ќе ти земам градината [2х]
со се цвеќе, со се тебе.
Билбил моме натпеало
му ја зеде градината.
Му ја зеде градината
со се цвеќе, со се моме.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни